[title_subtitle align=”center” title=”Kонференција “Родителството во ХХI век” “]

“За да застанат децата цврсто на нозе, потребна е одговорност на нивните рамења.”

На 08.06.2017 во Елит Плаза, Ве покануваме да бидете дел од Конференција “Родителството во ХХI век” со цел заеднички да го пронајдеме одговорот за прашањата со кои секојдневно се сретнуваме како (идни) родители.

Ве покануваме на конференцијата “Родителството во ХХI век” за заеднички да пронајдеме одговорот за прашањата кои секојдневно се сретнуваме како (идни) родители:

  • Како денеска да ги воспитуваме децата?
  • Како да им помогнеме на нивниот пат за растење?
  • Што да прават?
  • Како да живеаат/Каде да одат?

За да најдеме одговор на овие прашања прво ние треба искрено да одговориме на истите прашања:

  • Што правиме?
  • Како живееме?
  • Каде одиме?

За почеток треба да се погледне каде сме денес и каков е светот во кој живееме? Брзиот развој на техологијата, некако реципрочно доведе до уништување на природата, која е извор на здрава и квалитетна храна, вода и воздух. Како ја расипа хармонијата во природата, повторно, како тоа резултира со реципрочно нарушена хармонија во самиот човек, а со тоа и во општеството, односно во меѓучовечките односи.

Основното прашање кое произлегува од се, а дефинитивно го поставуваме е пред нашите деца е:

  • Дали можеме да ствараме,а да не уништуваме истовремено?- Дали може денешната наука да одговори на прашањата со кои се занимава, а тоа да не уклучува експерименти во кои се уништуваат билките, животните, луѓето и природата?
  • Дали може човекот познавајќи се себеси, полесно да го запознае светот кој го опкружува, чекорејќи заедно со децата на тој патот кон остварањето, каде ќе имаме обзир спрема се што не опкружува, разбирајќи дека сите сме нераскинливо поврзани?

Корен на сите нарушувања, па и болести, тоа е во нас и ништо не се случува случајно, туку со причина како постојано да учиме и да се развиваме. На оваа конференција цел е да си помогнеме едни на други во пронаоѓање на одговорите на сите прашања кои секојдневно ни се наметнуваат.

12:00 – 12:30 – Регистрација

12:30 – 12:45 – Отварање на конференцијата

12:45 – 14:25 – Прва сесија

Презентери:

  • Натка Пачоска – Клинички психолог ; Тема на конференцијата: Функционално родителство
  • Бруно Шимлеша – Писател од областа на популарната психологија и духовност ; Тема на конференцијата: Правила на свесно воспитување
  • Прим.Д-р. Мери Бошковска – Детски психијатар; Тема на конференцијата:,,Патот кон одговорно родителство“
  • ПРАШАЊА ОД ПУБЛИКА

14:25 – 14:40 – кафе пауза

14:40 – 16:10 – Втора сесија

Презентери:

  • Марина Анчевска – Меѓународно сертифициран НЛП тренер и системски практичар; Тема на конференцијата: Влијанието на системските динамики во односот на родителите кон себе си, кон детето и околината
  • Јасмина Трошанска – Дегектолог, заменик-претседател на Македонското научно здружение за аутизам; Тема на конференцијата: Начини за поддршка на децата со посебни потреби (како да ги охрабриме родителите да го најдат полесниот пат на нивната улога како родител)“
  • Др. Аспазија Софијанова – Специјалист, Доктор на науки; Тема на конференцијата: Здравјето како директно индиректен фактор за здраво родителство и семејство
  • ПРАШАЊА ОД ПУБЛИКА

16:10 – 16:40 – РУЧЕК

16:40 – 18:00 – Трета сесија

Презентери:

  • Катерина Јолакоска – Дипломиран педагог, кореограф и сопственик на балетското студио Еурека; Тема на конференцијата: Важноста на спортот уште во раниот период од животот
  • Лидија Зорба – Магистер по психологија, автор, водител, основач на Центарот за применета психологија „Зорба Консалтинг“; Тема на конференцијата: Важноста на ран интелектуален поттик и развој кај децата
  • ПРАШАЊА ОД ПУБЛИКА

Бруно Шимлеша – Писател од областа на популарната психологија и духовност.

Тема за конференцијата: Правила на свесно воспитување

Бруно Шимлеша (1979) е хрватски писател од областа на популарната психологија и духовност. Има објавено осум книги од кои „ Ljubavologija“ и „Škola života“ се едни од најпродаваните книги во овие области. Неговите книги се објавени и во Словенија, Србија и Македонија.

Дипломирал социологија во 2003 година на Филозофскиот факултет во Загреб.  На хрватската телевизија две години ја водеше емисија „Секој ден, добар ден“ . Тој е во соработка со бројни медиуми како во Хрватска така и во регионот. Пишува неделни колумни за „Jutarni list“.

Здружението „Sve za nju“ во 2016 година му ја доделува наградата VAM, за помагање на болните од рак и сензибилизирање на јавноста  за  сите проблеми со кои се соочуваат со ракот.

Тој е оженет и е горд татко на својата седумгодишна ќерка.

Постојат луѓе кои мислат дека родителството е лесна работа. Тоа се најчесто оние кои не се родители.

Сите ние останатите свесни сме дека мораме секојдневно да учиме за да бидеме здрави родители. Дури и да разбираме како се развива детската психа, дури и да сме стабилни личности кои уживаат во животот, дури  и да сме среќни во партнерскиот однос, треба и понатаму многу да се трудиме таа теорија за воспитување да ја преведеме на јазик кој ќе го разбираат нашите деца.  Затоа на предавањето ќе зборуваме за некои од постулатите за здраво воспитување.

  • Држете се до тоа што го зборуваме и со пример да им покажуваме што сакаме да ги научиме
  • Не водете се до тоа што моментално сакаат децата, туку што им треба
  • Не ги правите работите наместо нив
  • Поставете јасни граници
  • Доследноста е многу важна!
  • Изразување на емоции
  • Прифаќање на фактите дека ќе правиме грешки

Прим. д-р Мери Бошковска – Детски психијатар

Тема на конференцијата: ,,Патот до добро родителство!“

Прим. д-р Мери Бошковска е  детски психијатар која долги  години наназад е активна како ментално здраствен работник во раното препознавање и третман на психичките проблеми кај децата и младите, а како експерт од оваа област била ангажирана од многу владини и невладини организации, училишта и градинки како предавач на разни целни групи со теми од областа на менталното здравје на децата и младите, односно како подобро да се разберат децата со развојни проблеми,посебни потреби, злоупотребените деца.Во последните години активно работи во раното препознавање и дијагностика на децата со аутистичен спектар на нарушување. Целиот  работен век како психијатар за деца и млади активно е  посветена да помага на децата и нивните семејства Активна е во заложбите за градење на инклузивно општество, односнно вклучување на децата со посебни потреби во градинките, редовните училишта и пошироко во општеството. Меѓу другото, има учествувано во многу наши и меѓународни проекти и конгреси со трудови од областа која ја работи, а член е на националното координативно тело кое се бори за превенција на злоупотреба и занемарување на децата ….

Последните неколку години е вработена во  Приватна општа болница  „Ре-Медика“во Скопје каде и натаму извршува  професионални задачи  од областа детската психијатрија.

РОДИТЕЛСТВОТО-НАЈУБАВАТА И НАЈОДГОВОРНАТА  ДОЛЖНОСТ

Родителството е најубавата, но воедно и најодговорната должност на човекот.

Запознавајки се подобро себеси, своите конфликти, своите стравови и предрасуди, родителите можат да постигнат подобра контрола над сопствениот живот и полесно да ги остранат пречките за постигнување добро/ одговорно родителство. Улогата на родител опфаќа многу одговорности и обврски кон децата: да ги сакате, храните,  негувате кога се болни, да играте со нив, да ги подучувате, да ги учите на дисциплина, да им бидете добар пријател. Детскиот развој е процес на станување човечко суштество во вистинска смисла на зборот. Личните искуства низ процесот на растење соединето со биолошките потенцијали на детето создава единствена комбинација од која произлегува личност подготвена за секојднвието.

Возрасните, родителите/негувателите се оние кои треба на децата да им пристапат развојно, т.е да ги препознаат менливите детски способности и постигнувања и низ грижа и подучување да ги насочуваат и развиваат. Родителството значајно влијае на добриот развој и менталното здравје на детето. Родителот  треба да биде присутен во текот на растењето на неговото дете, тоа постојано учи и светот го осознава преку родителското посредување и толкување.  Родителите се оние кои му овозможуваат на детето од најрана возраст да набљудуваат, да учат врз основа на нивните постапки, однесувања, толкувања. Клуч за успешно родителство не се заснива на сложените теории или многуте правила на однесување туку се темели на најдлабоките емоции  засновани на љубов и нежност према децата која се изразува преку емпатија и разбирање. Добриот родител разговара со своето дете, има време и трпение да го ислуша, не користи навредување и понижување, го кажува своето мислење но го почитува и на детето. Единствен рецепт за добро родителство не постои, секое дете е посебно и бара посебен пристап. Не постои совршен родител како што не постои и совршено дете, но секогаш може да биде  подобро. Добар родител не се раѓа туку се станува,добрите родителски вештини се учат и се подобруваат низ практиката. Важна задача на родителот е да одгледа /воспита дете најдобро што може и тоа подоцна да израсне во среќна, зрела, успешна и одговорна личност.

Јасмина Трошанска – Дефектолог,  доктор по дефектолошки науки од областа на аутизам и интелектуална попреченост.

Тема за конференцијајата: Начини за поддршка на децата со посебни потреби (како да ги охрабриме родителите да го најдат полесниот пат на нивната улога како родител)

Јасмина Трошанска,  доктор по дефектолошки науки, дефектолог со тринаесет годишно искуство во научно-истражувачка и практична работа со деца со аутистичен спектар на нарушување и Монтесори педагог за работа со деца од 3-6 годишна возраст. Таа има посетено голем број на современи едукации од кои најистакнати се едукацијата за тренер за инклузивно образование, примена на PECS, ABA и TEACCH методот во работата со децата со аутистичен спектар на нарушување и примена на сензорната интеграција.
Учество во голем број на кампањи за подигнување на свеста на лицата со попреченост, домашни и меѓународни конференции, проекти од кои најистакнати се „Програма за целосна социјализација на децата со посебни потреби во нивните социјални средини“ (www.socialinclusion.mk) и проект коj е во тек „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ (www.esipp.eu).

Катерина Јолакоска – дипломиран педагог, кореограф и сопственик на балетското студио Еурека.

Тема на конференцијата: Важноста на спортот уште во раниот период од животот

  • Придонесот на спортот за правилен раст и развој на секое дете
  • Влијанието на танцот како еден вид спорт кај децата за правилно држење на телото, движење на телото и интелектуалниот развој
  • Упорност во работата-пат до успехот
  • Родителите – една од најважните компоненти за успехот на детето
  • Неколку совети како да одлучите на каква активност да го запишете вашето дете

Лидија Зорба – магистер по психологија, автор, водител, основач на Центарот за применета психологија „Зорба Консалтинг“

Тема на конференцијата: Важноста на ран интелектуален поттик и развој кај децата

Лидија Зорба е родена во 1965 година во Скопје. По завршувањето на гимназијата, дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје на катедрата за филозофија на тема „Психологија на менаџмент„ кај проф. др. Кирил Темков, а потоа магистрира на катедрата за психологија на тема „Квалитет на живот кај луѓе кои практикуваат и не практикуваат изокинетички и аеробни спортски актвности„ кај проф д-р. Благоја Јанаков. В0 2001 година го завршува гешталт терапискиот тренинг во „Центарот за хумана соработка„ кај гешталт тренерот Билјана Копрова.
Докторант на Институтот за труд и социјална политика „Мајка Тереза„ Скопје. Петнаесет години работи како новинарка, водителка и уредничка во повеќе редакци на печатени и електронски медиуми, меѓу кои: „Нова Македонија„, „Вечер„, „Скок„„Македонско Сонце„ „МТМ Телевизија„, „Радио Равел„ и други. Автор е на повеќе проекти финансирани од Советот за радиодифузија на Македонија, како: „Боксот во Македонија„ „Развојот на боди-билдингот во Македонија„ „Невербална комуникација„, „И ние можеме„ „Радио Преспа – прво македонско радио во Албанија„ и други. Автор е на книгите „Мачка„ и „Поблиску до себе„ како и многу стручни трудови објавувани во дневни и стручни списанија. Неколку години работи на македонско-американскиот проект ПРИЗМА во областа на самовработувањето, а потоа и на проектот за помош на луѓе со посебни потреби „Вулкан„ финансиран од Британската амбасада во Македонија.

Повеќе од 30 години е активен спортист, носител на повеќе златни медали во Македонија за боди-билдинг и вицешампион на Југославија во полутешка категорија во боди-билдинг во 1998 година. Член е на Собранието на Македонскиот олимписки комитет и државен судија за боди-билдинг. Од 2011-2013-та година волонтерски работи како терапевт во социотераписка група за поддршка на жени со рак на дојка во здружениет на граѓани „Борка – за секој нов ден“. Основач е на Центарот за применета психологија „Зорба Консалтинг„ – Скопје Љубител е на животни и вклучена е во активностите на повеќе здруженија за заштита на животните.

Др. Аспазија Софијанова – Специјалист, Доктор на науки, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје.

Тема на конференцијата: Здравјето како директно индиректен фактор за здраво родителство и семејство.

Натка Пачоска – Клинички психолог , европски сертифициран Гешталт, семеен и системски психотерапевт, стручен директор на Институтот за брак семејство и системска пракса „АЛТЕРНАТИВА“.

Тема на конференцијата: Функционално родителство

Натка Пачоска е клинички психолог, европски сертифициран Гешталт, семеен и системски психотерапевт, стручен директор на Институтот за брак семејство и системска пракса „АЛТЕРНАТИВА„. Дипломира на катедрата по психологија при УКИМ во 1985 година. Специјализацијата по медицинска психологија ја завршува на медицинскиот  факултет во Скопје. Завршува два психотерапевски правца од Гешталт психотерапија и Семејна и системска психотерапија.  Својата долгогодишна работа како клинички психолог, психодијагностичар и психотерапевт ја започнува во ЈЗУ Психијатријска болница Скопје а во  2010 година  заедно со свои колеги го осниваат  Институтот„АЛТЕРНАТИВА„ каде  секојдневно работи  индивидуална, партнерска, семејна, брачна и родителска психотерапија. Истовремено е и тренер и супервизор во  Европски сертифицираната школа  за системска и семејна психотерапија која  работи под подкровителство на Институтот „ АЛТЕРНАЅТИВА„.

Натка Пачоска е подпретседател на комората на психолози на Р. Македонија, председател на здружението за семејна и системска психотерапија во Р. Македонија и член во управниот одбор на Македонската асоцијација на психотерапевти во Р. Македонија. Долги години е надворешен стручен соработник во СОС детско село, супервизор во младински програми и на  тимови кој работат во бегалски кампови и сл.

За да децата растат во здрава, податлива семејна средина која ќе обезбедува услови за хармоничен развој што ќе се одликува со високи интелектуални капацитети, адекватно емоционално созревање и добра социјална прилагоденост од особена важност е функционално родителствување. Функционалното родителствување опфаќа јасни граници помеѓу родителскиот и партнерскиот субсистем, усогласени воспитни вредности помеѓу родителите , меѓусебно почитување во родителствувањето, поставување на јасни граници со своите родители / баби и дедовци во однос на тоа кој е родителот а кој е баба или дедо во одгледувањето и воспитувањето на децата, поставување на родителскиот субсистем во хиерархијски најнадреден во процесот на одредување на правилата во негувањето, одгледувањето и воспитувањето на децата. Како тоа да се постигне? Кога партнерите ќе станат родители треба да бидат подготвени да бидат флексибилни, да прават промени во дотогашното нивно функционирање. За да сето тоа води кон функционално родителство неопходно е да комуницираат помеѓу себе , данаучат да се договараат, преговараат, почитуваат како нивните автономни вредности така и семејните вредности од нивните семејства по потекло , и истите да ги ускладуваат или во основа на нив да градат свои . Токму поради сето ова многу родители се спремни да посетуваат и психоедукативни програми , да бараат совети од стручни лица за да го градат своето функционално родителствување и на тој начин да инвестираат во себе како родители но и во своите деца бидејќи благодарение на функционалното родителствување создаваме сигурни, среќни и успешни деца.

Марина Анчевска – Меѓународно сертифициран НЛП тренер и системски практичар

Тема на конференцијата: Влијанието на системските динамики во односот на родителите кон себе си, кон детето и околината

Својата кариера како тренер за личен и професионален развој ја започна во Холандија, каде што живееше повеќе од 17 години. Во 2007 година го основа Центарот за бизнис психологија, Системски НЛП – ЈИЕ, кој што е всушност и првиот меѓународно признат, НЛП центар во Македонија. Покрај меѓународниот сертификат за НЛП Тренер, г-ѓа Анчевска е исто така дипломиран Етнолог, меѓународно сертифициран Јога учител и Холистички терапевт.

Со годините, работејќи со голем број на компании и индивидуалци, во Македонија и интернационално, секако и нејзиното долгогогодишното инвестирање во својот личен развој, придонесуваат, за таа да развие свој уникатен тренерски стил, кој мотивира и конфронтира, со цел да предизвика организациски и индивидуални промени. Нејзините тренинзи се комбинација од различни дисциплини, кои ви овозможуваат успешно постигнување на вашите лични и професионални цели.

Надица Илиевска  – Дипл.Нутриционист и Инг. по Прехрамбена технологија

Тема на конференцијата: Градење на здрави прехрамбени навики во семејството како значаен фактор за правилен раст и здравје на децата.

Управител на Нутрицинист Консалтинг ДООЕЛ.Скопје- Советувалиште за здрава храна и исхрана. (nutricionistkonsalting@gmail.com)

Научни трудови – NUTRICON 2014

BFos 2016

Ishranom do Zdravlja Osijek RH. 2016

NUTRICON 2016

Активности- Стручни предавања за школски деца во ОУ. во Општина Карпош, во рамки на месец на детско здравје на тема Храна и здравје.

Осврт на

  • Зошто е важен заеднички семеен оброк
  • Децата учат колку е важно да конзумираат зеленчук
  • Децата се запознаваат со нови прехрамбени намирници
  • Контрола на големината на оброците
  • Социјален момент на семеен оброк.

Цена на карти:

Рана уплата до 31.05.2017:

  •  1 карта – 1.299 ден
  •  повеќе од 1 карта – 999 ден

Редовна уплата од 01.06.2017:

  •  1 карта – 1.599 ден
  • повеќе од 1 карта – 1.299 ден

Картите се купуваат преку уплата на долунаведената трансакциска сметка и уплатницата е потврда за учество на конференцијата. Уплатата истотака може да се изврши и преку фактура.

Назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје
Банка на примач: НЛБ Банка
Трансакциска сметка: 210-067036660110
Цел на дознака: Конференција


Ве молиме после уплатата регистрирајте се.

Би-МЕК Медицинска опрема (Спонзор)

Би-МЕК e овластен дистрибутер на многу светски познати и реномирани производители на медицинска опрема и биотехнолошки услуги. Со традиција од 2002 година и голем број на реализирани проекти во јавниот и приватниот здравствен сектор, нашиот континуиран успех се темели на квалитет, услужност, доверба и разбирање на потребите на нашите клиенти. Би-МЕК располага со комплетна понуда на медицинска апаратура од областа на дијагностика, болничко лекување и специфична опрема за барањата на многу поедини специјалности. Денес „Би-МЕК“ е медицинска и биотехнолошка компанија со 15 вработени и авторизиран претставник на 25 светски познати брендови, со повеќе од 1.500 инсталирани апарати во Македонија и над 3.500 клиенти во своето портфолио.

Триглав Осигурување АД, Скопје (Спонзор)

„Градиме безбедна иднина“. Мисијата ја остваруваме врз основа на нашите вредности, а тие се: стручност, безбедност, одговорност, едноставност и современост. Нашите вредности се дел од нашата корпоративна култура и секојдневно ги остваруваме во меѓусебните односи со средината. Нѐ водат и нѐ поврзуваат, а истовремено се значаен дел од нашата препознатливост.

Триглав Осигурување е дел од Групацијата Триглав, најголемата осигурително-финансиска групација во ЈИ Европа. Таа е водечка осигурителна компанија за неживотно осигурување, со повеќе од 260 вработени и продажна мрежа со повеќе од 48 локации. Триглав обезбедува комплетна и навремена осигурителна услуга со врвен квалитет, а потврда за тоа се резултатите што компaнијата ги постигнува секоја година, како и истражувањата, според кои пазарот го оценува „Триглав“ како компанија која што нуди највисок квалитет, финансиска сигурност и доверливост, како и најдобра вредност.  

Во Триглав Осигурување посветено работиме на постојано подобрување на организацијата, процесите и процедурите, квалитетот на производите и услугите, односите со клиентите и деловните партнери. Сметаме дека перцепцијата за компанијата, како и нејзиниот одржлив развој во најголема мера  се во рацете на самите вработени и зависат од нивните вредности, експертиза и волјата за учење. Триглав Осигурување е пазарен лидер со прогнози за раст и углед на стабилна финансиска организација, што е само еден од показателите дека ги применуваме корпоративните стандарди и вредности на Групацијата на која што припаѓаме, секако прилагодени на македонскиот пазар и менталитет.

Француско Интернационално училиште EFIS (Спонзор)

Француското Интернационално училиште е раководено од Здружението АПЕФ- СКОПЈЕ, Претседател на Управниот Одбор и сопственик на училиштето е Господинот  Жан Франсоа Ле Рок, бизнисмен кој веќе 17 години своите бизниси ги шири на Балканот.  Француската градинка е формирана  во 1999 година, а училиштето во 2012 година.

PharmaS Македонија (Спонзор)

ПхармаС Лекови , како претставништво на фармацевтската компанија PharmaS во Македонија, е основана на почетокот на 2012 година. По успешното завршување на фазата на регистрација на првата група од 6 генерички лекови компанијата ја стартуваше продажбата на Македонскиот пазар во почетокот на месец март 2013.

Денес компанијата има 6 вработени стручни лица од областа на продажба на фармацевтски производи и регулаторни работи и повеќе од 12 генерички лекови.

Во 2014 година ПхармаС во Македонија започна и со пласирање на безрецептни лекови развиени во самата компанија. Во CHC (Consumer HealthCare) одделот на команијата најпрвин се развиени брендовите: PROBalans и Femipause, со очекување за интензивно дополнување на палетата на безрецептни производи во следниот период.

Стратегијата на ПхармаС во Македонија е воведување на современи и иновативни производи, како и унапредување на постоечките терапии се со цел воспоставување на партнерски односи и подигнување на нивото на здравствениот систем воопшто.

Pageland (Соработници)

Pageland е агенција за дизајн и маркетинг, предводена од двајца основачи. Навлегувајќи во креативниот свет, Pageland почна да го користи и маркетингот, како алатка која е неопходна за унапредување на креативните решенија користени во бизнис идеите. Pageland нуди целокупно решение за уникатен дизајн и успешна маркетинг кампања со кои Вашиот идентитет ќе биде поставен до Вашата посакувана таргет група. Нудиме гарантирана препознатливост на пазарот, оригиналност во брендингот, спојување на креативен дизајн и успешен дигитален маркетинг кои ќе Ве постават до очите на илјадници интернет корисници, внимателно таргетирани, со  цел  да излезат во пресрет на тоа што Вие го нудите.

 

Fakulteti.mk (Медиумски партнер)

Факултети е веб страна посветена на високо образовните установи во Р.Македонија. Целта ни е да им помогнеме на идните студенти во нивниот избор на студии, и да ги насочиме сегашните студенти кон нови знаења, стипендии и работни места.

 

Маркетинг365 (Медиумски партнер)

Маркетинг365 е поголема афирмација и унапредување на маркетинг и ПР индустријата во Македонија, зголемување на транспарентноста во работењето на маркетинг и ПР компаниите од земјава и регионот, како и регионално бизнис вмрежување помеѓу агенциите, огласувачите и медиумите.

Scroll Up