CSC - Customer Services Conference

Дали сме доволно свесни дека добрата услуга е клучна за зголемување на профитот на компанијата?

Само 4% од клиентите се жалат за лошата услуга, другите 96% едноставно одат да ги трошат парите кај Вашите конкуренти.

Присутните  на оваа конференција ќе научат стратегија за услуги на клиентите, како љубезно да ги услужуваат клиентите и истите да станат нивни лојални клиенти. Како да се справат со незгодни клиенти а при тоа, таа ситуација да им не влијае понатаму во работниот ден со другите клиенти .

Теми и вежби на кои ќе се работи на конференцијата се:

  • Идеален купувач
  • Што работам добро, а што лошо во давање на услуга
  • Што ќе направам и променам до крајот на 2018 г.
  • Kако да го надминеме стресот после конфликтен клиент и како да продолжиме смирено да работиме?

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ НАСТАНОТ?

• Сите вработени кои што имаат директна комуникација со клиенти, претприемачи, сопственици на бизниси и извршни менаџери; менаџери за маркетинг, продажба, итн.

• Банки, Телекомуникации, Аптеки, Продажни ланци, Дистрибутери, Производители, Осигурителни компании… и сите оние на кои им се важни желбите на купувачите и кои имаат определба нудејќи квалитетна услуга да стекнат лојални клиенти.


Купувачот е најважниот посетител на нашиот простор. Не зависи тој од нас, туку ние од него. Не може да не прекине во нашата работа, бидејќи тој е нејзината цел. Тој не е натрапник во нашето работење, туку негов составен дел. Услужувајќи го, ние не му правиме услуга нему, бидејќи тој ни ја прави нас, допуштајќи ни да го услужиме.   

Ганди

Предавачи

Кристина Ерцеговиќ | Сериски претприемач, писател, бизнис ментор

Кристина Ерцеговиќ родена e на 8 февруари 1976 г. во Загреб. Има завршено маркетинг на Економскиот факултет на Универзитетот во Загреб, МБА во бизнис училиштето Cotrugli, како и НЛП Leadership, НЛП Advanced Program in Business и НЛП мајстор за напредна програма во бизнис. Нејзината мисија е да ги охрабри луѓето во регионот да започнат сопствен бизнис и да го живеат животот со полна пареа.

Таа е основач на Хераклеа 2002 година, првата агенција во Хрватска специјализирана за mystery shopping со која имаше голем број на иновативни проекти, како што Mystery shopping ден и Heraklea Customer Service Akademijа итн. Хераклеа ја продаде во март 2012 година, потоа ја основа фирмата Milde во 2013 година и истата ја продава во 2014 година.

2010 година води своја сопствена фирма Zaokret, во чиј што склоп е проектот Бизнис Кафе – вмрежување на мали бизниси. Таа беше ментор на серија на start-up натпреварувања, како и во ТВ шоу Сила на волјата. Кристина е чест гостин-предавач и модератор на панели на различни деловни конференции. Таа исто така беше TEDx говорник, член на CRANE и претседател на жирито за избор на најдобар хрватските претприемач во организација на WIA.

Ко-автор е на првата експертска книга за mystery shopping во светот, наречена Measuring Management and The Moment of Truth како и на Тајната на исчезнатите клиенти. Во 2013 та година ја напиша книгата Сам свој газда – како да се успее во бизнисот, и покрај сè и секого, во 2017- та ја напиша книгата What is your ROI on Joy – My life. My business. My rules.

Добитник е на MSPA Европа награда за односи со јавноста и маркетинг, награда за најуспешна промоција на mystery shopping во Европа во 2004 година и 2005 година.Таа ја доби и наградата CROMA за најдобар менаџер во 2007 година во категорија на млади менаџер како прва жена во таа категорија и најмлад менаџер, а во мај 2008 година ја доби MSPA Hall of Fame Award, како признание за успешна промоција на mystery shopping во Југоисточна Европа. Таа исто така беше номиниран за жена на годината, во организација на списанието Zaposlena во 2009 година.

Пред да се започне со Хераклеа работела четири и пол години во Плива, од кои една година во Полска и во Чешка.

www.prodajemfirmu.com

www.businesscafe.info

Linkedin Facebook Web

Катерина Ангеловска | Тренер за личен развој и мотивациски говорник

Нејзиниот авантуристички и позитивен дух, како и личното долгогодишно истражување во психологијата и филозофијата резултира со звањето сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Jack Canfield www.jackcanfield.com

Програмата за личен развој “Биди најдобра верзија од себе” по која ја препознаваме Катерина Ангеловска е базирана според принципите за успех по методот на Jack Canfield. Таа води разновидни обуки и работилници за личен и професионален развој и целосно е посветена на мотивирање, инспирирање и тренинг на денешните генерации, со цел да ја пронајдат големината и моќта во себе, и да станат творци на својот живот.

Катерина е автор на книгата “333 Афирмации”. Ова е нејзина лична збирка преку која не води низ светот на позитивната творечка мисла. Таа верува дека развојот на позитивната состојба на умот е една од најмоќните животни стратегии. Афирмациите како техника за позитивно размислување се дел од нејзината програма. Книгата  “333 Афирмации” е преведена на албански и на англиски јазик.

Во нејзината листа на сертификати се вклучени и Master Neuro Human Behavior Practitioner of the Art and Science of Neuro Linguistic Programming (NLP), SPIN Coaching Programme, SPIN Selling Skills Programme и други.

Таа исто така е и сертифициран Реики практикант www.usuishikiryohoreiki.com Реики е многу стара техника за исцелување, метода на традиционалната медицина, која се базира на користење на Универзалната енергија, наменета за подобрување на капацитетот на виталната енергија на човекот, за подобрување на имунитетот, и за подобрување на квалитетот на животот. Во многу развиени земји, Реики методата е интегрирана со методите на современата медицина. Реики како практика е дел од работењето на Катерина.

БИДИ НАЈДОБРА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ

Јас верувам во луѓето и верувам дека секој заслужува да биде среќен и успешен. Светот за мене функционира идеално доколку сите ние го правиме тоа што го сакаме.

Сите ние имаме одредена функција, и доколку би ја извршувале со љубов и радост, тогаш светот ќе биде едно прекрасно креативно место за живеење каде секој поединец инспириран од сопствената извонредност ќе даде придонес кон сочувство, мир и љубов.

Нашата мисија е да ги развиеме нашите способности и да научиме како да бидеме ефективни креатори. Тука сме да бидеме креатори, да го инфилтрираме просторот со идеи и мисли, да направиме нешто од овие животи. Да ја поттикнеме личната трансформација, да веруваме во сопствената интуиција и да делуваме во склад со нашите вредности и верувања. Да ги доживуваме и прифатиме нашите чувства, и да бидеме најдбра верзија од себе.  И сиот оној баланс, онаа рамнотежа и хармонија по која трагаме ќе добијат вистинска структура. Како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво.

Клучот да го промениме светот, да го промениме нашиот живот и да ги облагородиме тие околу нас е автентичноста, подготвеноста да бидеме свои, да бидеме најдобра верзија од себе и да живееме живот во согласност со сопствените потреби, без ограничувања надвор од комфорт зоната во која се наоѓаме. Да ја пронајдеме хармонијата која доаѓа со себе-прифаќање и во процесот да ја откриеме нашата животна мисија и неограничените можности кои не чекаат.

www.katerinaangelovska.mk

https://www.facebook.com/KaterinaAngelovskaOfficial/

Youtube каналот на Катерина Ангеловска

Агенда

09:00 – 09:30 – Регистрација

09:30 – 09:45 – Отварање на конференцијата

09:45 – 11:25 – Прва сесија – Кристина Ерцеговиќ

11:25 – 11:40 – Кафе пауза

11:40 – 13:10 – Втора сесија – Кристина Ерцеговиќ

13:10 – 13:40 – Ручек

13:40 – 14:30 – Трета сесија – Кристина Ерцеговиќ

14:30 – 15:30 – Четврта сесија – Катерина Ангеловска

Теми на конференцијата

  • Само 5% од порастот во квалитетот на услугата доведува до 25% пораст на профитот.
  • Услугата денес  е пресудна, извор е на компаративни предности, но сепак е многу лоша.
  • Зошто е така? Кој е виновен? Зошто услугата е толку лоша, колку е толку битна?
  • Кое знаење, вештини и информации ни требаат за да имаме одлична услуга?
  • Што е воопшто добра услуга?
  • Како мотивираните луѓе да нудат супер услуга?
  • Како да ја мериме и унапредиме услугата – 5 чекори до супер услуга
  • Кои се нашите купувачи, што тие бараат од нас и што навистина купуваат
  • Квалитетот на услугата е всушност управување со грешки, колку сте добри во тоа?
  • Ниту една машина не е повредна од човекот
  • Вработените се најдоброто одделение за истражување на пазарот, а нашите клиенти се најдобриот и бесплатен тим за продажба 
  • Дали вашите вработени ви се на прво место, ако не се како после вашите клиенти да им бидат на прво место
  • Купувачот на сите ни дава плата, но може ли затоа да биде крал и секогаш во право?
  • Мораме ли да го задржиме секој купувач, кога е подобро да му дадеме отказ
  • Дали сте сигурни дека е поевтино да го задржите купувачот отколку да пронајдете нов
  • Која е целта на бизнисот и што квалитетот на услугата има со него
  • Каде е вашиот центар за повици лоциран во организацијата и зошто сте го основавте или зошто го немате … сеуште
  • Како да ја стандардизирате услугата, а да не биде вештачко
  • Како да бидете сигурни дека вработените навистина се грижат за клиентите, да отидат повеќе милја сами без да ги тераме да со сила
  • Размислувајте подобро, Живејте подобро
  • Начини за справување со токсични луѓе

Котизација

4.500 ден

Рана уплата до 01.07.2018

9.000 ден

Групна 2+1 до 01.07.2018

6.000 ден

Редовна уплата од 02.07.2018

Уплата

Картите се купуваат преку уплата на долунаведената трансакциска сметка и уплатницата е потврда за учество на конференцијата. Уплатата истотака може да се изврши и преку фактура.

Назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје
Банка на примач: НЛБ Банка
Трансакциска сметка: 210-067036660110
Цел на дознака: Конференција

Регистрација

Ве молиме после уплата регистрирајте се на следната форма (вашите податоци внесете ги на кирилица).

Scroll Up