• Зорица Поповска – Сенсум

    СЕНСУМ е тренинг и коучинг компанија со мисија да овозможи на своите клиенти најдобри можни решенија во областа на развој на лидерството, професионалниот и личниот развој.

    Преку партнертрво со водечки интернационални компании за развој на човечкиот потенцијал на локалниот пазар носиме врвни програми и консултанти.

    Нашата мисија во Сенсум е активирање на вашиот потенцијал, во бизнисот и во животот. Не сме приврзаници на идејата дека треба да се согласите со “status quo” или да играте на сигурно за да бидете безбедни. Посветени сме на личниот развој, инспирирана акција и постојано преминување на нашите моментални бариери и внатрешни стопери и лимитатори.

    Преку нашата Сенсум развојна платформа и иновативни програми, создаваме докажани системи и рамка која им помага на нашите клиенти да креираат извонредни лични и професионални резултати.

    Нашата намера е да ги зајакнеме луѓето за да живеат посреќно, попродуктивно и да го ослободат својот полн потенцијал, да се чувствуваат извонредно и да бидат извонредни преку нивно запознавање со алатки, техники, стратегии и идеи кои не се дел од традиционалниот едукативен систем. Нашата цел? Подобрувајќи се себеси, да го подобриме нашиот професионален и личен живот, да го подобриме бизнисот во кој допринесуваме и да го направиме ова општество подобро место за живеење.

    Име Презиме: Зорица Поповска
    Е-пошта: zorica.popovska@sensum.mk
    Град: Скопје
    Занимање: Тренер и коуч
    Компанија: Сенсум

    www.sensum.mk

Scroll Up