• Соња Николовска – Constructor.mk

    Архитектурата, градбата и дизајнот се главната тема на CONSTRUCTOR.mk, а сечија желба, потреба и интеракција со нас ќе биде дел од темелите. Информациите и практичните совети од секојдневието најкреативно ги прикажуваме. Сакаме заедно да се осмелиме да ги визуализираме и најлудите идеи од оваа област. Понудувачите и потрошувачите тука ќе може да се пронајдат на половина пат. Да го откриеме вистинскиот рецепт кој ќе донесе насмевка инспирирана од задоволени потреби за домување во опкружување според својата сопствена идеална замисла. Квалитетна понуда и сѐ поголема побарувачка во поорганизиран, поубав и почист град со еколошки освестени граѓани е придобивка за сите.

    Се разбира, во текот на процесот секако и добро се забавуваме.

    Име Презиме: Соња Николовска
    Е-пошта: sonja_nikolovska@yahoo.com
    Град: Скопје
    Занимање: маркетинг менаџер
    Компанија: www.Constructor.mk

  • Марија манева – zenitevoekonomijata.com

    Почитувани,

    Веб-портал www.zenitevoekonomijata.com женски бизнис веб – портал наменет за сите жени претприемачи и оние кои допрва размислуваат да ја градат сопствената кариера водејќи сопствен бизнис.

    На овој веб-портал можете да најдете најнови и корисни информации поврзани со бизнис, кариера, живот и здравје, низа актуелности и информации поврзани со организација на идни настани од областа на женското претприемништво и претприемништвото воопшто.

    Посетителите на веб-порталот www.zenitevoekonomijata.com и претплатниците на неделниот информатор ќе можат да се информираат и за сите попусти, акции и промоции на широка лепеза производи и услуги кои ќе им го подобрат квалитетот на професионалниот и приватниот живот.

    Улогата на жените претприемачи во Македонија во последните години сѐ повеќе се зајакнува и проширува. Нивното учество во реализација на позитивните промени во бизнис секторот и воспоставувањето на нови стандарди во работењето е од исклучително значење за развојот на економијата.
    Во Македонија постојат низа успешни бизнис приказни кои треба да бидат промовирани како позитивни примери кои ќе ги охрабрат и останатите жени со претприемачки способности да се вклучат во развојот на своите идеи.

    Следете не на нашиот веб-портал, Фејсбук страница и Јутјуб канал.

    Име Презиме: Марија Манева
    Е-пошта: manevamarija@yahoo.com
    Град: Штип
    Занимање: уредник
    Компанија: www.zenitevoekonomijata.com

     

Scroll Up