• Наташа Паунова Блажевска – Л&Н&Т Диагностик

    Фирмата L&N&T ДИАГНОСТИK ДООЕЛ Скопје е преставништво за продажба на големо на медицински помагала. Ги снабдуваме со биохемиски  реагенси и со потрошен материјал сите  државни и приватни лаборатории на територијата на република македонија. Преставници сме на различни фирми од цел свет, производители на различни тестови и тоа од: Италија, Русија, Јужна Кореја, Турска , Кина итн.

    Нашата мисија е  :

    ,,АКО НИЕ НЕ СЕ ПОГРИЖИМЕ ЗА НАШИТЕ   КЛИЕНТИ, НЕКОЈ ДРУГ ЌЕ СЕ ПОГРИЖИ’’

                                                                                                    Непознат мислител

     

    ,,Клиентот е најважниот посетител во нашите простории, тој не зависи од нас. Ние зависиме од него.

    Тој не е причина за прекин на нашата работа. Тој е цел на работата. Тој не е аутсајдер во нашиот бизнис. Тој е дел од него.

    Ние не му правиме услуга со тоа што му служиме. Тој нам ни прави услуга со тоа што ни дава можност да му служиме’’

    Махатма Ганди

     

    Наташа Паунова-Блажевска е дипломиран биолог-биохемичар. Има повеќе од 20 години искуство на полето на продажба и маркетинг на медицински помагала за клинички лаборатории.

    Директор и основач е на L&N&T  ДИАГНОСТИK ДООЕЛ. Фамилијарна фирма постои 11 години. Има голема поддршка од фамилијата и од децата.

    Останува самохрана мајака на две малолетни деца годинава при ненадејна смрт на сопругот. Желбата за успех и за подобар живот за неа и за децата ја води да оди напред во нови освојувања и во нови знаења.

    Име Презиме: Наташа Паунова Блажевска
    Е-Пошта: lnt_diagnostic@yahoo.com
    Град: Скопје
    Занимање: Дип.Биолог – Биохемичар / Директор
    Компанија: Л&Н&Т Диагностик Дооел Скопје

  • Магдалена Трајковска Трпевска – Технолаб

    Успешната приказна на Технолаб Доо Скопје на полето на унапредување и заштита на животната средина и заштита и безбедност при работа започна во 2000 година.

    Технолаб е Ваш сигурен партнер во делот на Заштита на животната средина и заштитата при работа.

    ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

    Технолаб изработува Студиии за влијание врз животната средина, Стратегиски оценки на влијание врз животната средина, ИСКЗ Апликации за добивање дозволи за усогласување со оперативен план (Аи Б дозволи), Елаборати за заштита на животната средина, Мониторинг на медиумите во животната средина ( воздух, вода и почва) , Изработка на стручни и научни проекти од областа на заштита на животната средина, Програми и планови за управување со отпад

    БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

    Проценка на ризик на работни места со Изјава за безбедност, Обука на вработените за безбедност и заштита при работа, Тестирање и контрола на опрема за работа, Мерења и анализи на услови во работна средина, Испитување на заземјување и електрична инсталација

    АКРЕДИТИРАНА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ИСПИТУВАЊА НА МЕДИУМИТЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА СОГЛАСНО MKS EN ISO/IEC 17025 (воздух, вода, почви, бучава)  

    -ИНСПЕКЦИСКО ТЕЛО АКРЕДИТИРАНО СПОРЕД MKS EN ISO/IEC 17020 (Контрола на услови во животна и работна средина во согласност со соодветната законска регулатива)

    ТРЕНИНГ ЦЕНТАР (Обуки за стручни лица за БЗР и обуки за управување и постапување со отпад)

    Презиме: Магдалена Трајковска трпевска
    Е-пошта: Magdalena@tehnolab.com.mk
    Град: скопје
    Занимање: м-р по хемиски науки
    Компанија: технолаб

    http://www.tehnolab.com.mk/

  • Др Виолета Фидановска – Пзу Царчев Чортаноски

    Приватната здравствена установа”Царчев-Чортаноски”успешно се занимава со естетска стоматологија,детска стоматологија, протетика, орална хирургија и имплантологија од 1997 година.

    Основана од страна на Прим.др.Павле Царчев и Асс.др.Љупчо Чортаноски, и двајцата специјалисти по орална хирургија, ординацијата прераснува во центар каде секојдневно се извршуваат зафати од областа на оралната хирургија, како примарна дејност.Од 1998-2000 во тимот се приклучуваат и др.Виолета Фидановска,др.Јасминка Динеска Фирфов и др.Татјана Арсова,кои со сопствената доедукација во земјава и странство, ја прошируваат областа на делување, а воедно од 2000год.го превземаат брендот.

    Во 2005 година поради проширување на дејноста и зголемениот обем на работа, како и зголемување на бројот на вработени, ординацијата се сели во нови, модерно опремени простории во кој функционира РТГ кабинет и посебно опремен дел за имплантологија. Со цел да им излеземе во пресрет на нашите пациенти и да им ги направиме подостапни услугите од општата стоматологија во 2006год. склучуваме договор со ФЗОМ.

    Во текот на нашето 20 годишно постоење се трудиме да ја оствариме нашата визија,да бидеме синоним за Приватна здравствена установа, која секогаш поставува повисоки стандарди во областа на стоматологијата и функционира во дослух со времето.

    Име Презиме: Др Виолета Фидановска
    Е-пошта: VIKI@CCDENT.MK
    Град: Скопје
    Занимање: Стоматолог
    Компанија: Пзу Царчев Чортаноски

    http://ccdent.mk/

Scroll Up