• Жанина стаменкова – делта проект

    Дeлта проект доо е компанија од областа на градеништвото со ЛИЦЕНЦИ: А за надзор, А за проектирање, Б за ревизија и за енергетски контроли. регистрирана е 1991 година, а ктивна од 1998. работиме најмногу со странски инвеститори. во моментов сме посветени на развојот на енергетската ефикасност.


    Име Презиме: Жанина стаменкова
    Е-пошта: zanina.stamenkova@gmail.com
    Град: скопје
    Занимање: градежен инженер
    Компанија: делта проект

  • Мирјана Свилар – Алексовска – дакалама нет

    ДАКАЛАМА НЕТ ДООЕЛ Скопје е компанија која што е официјален и ексклузивен увозник и дистрибутер за Македонија за професионалните брендови за коса Revlon Professional, American Crew, Olaplex, Kasho и Alterna, како и за брендовите Recaro, Cosatto, Strider, Thule (www.dakalama.net).

    Наши клиенти за професионалните брендови за коса се фризерски салони на територијата на Македонија, додека производите од брендовите Recaro, Cosatto, Strider, Thule се продаваат преку продавниците за детска опрема и играчки “Маша и Медо”.

    Доколку имате потреба од нашите производи или ви требаат било какви информации слободно контактирајте не на 02/ 61 61 188 или на e-mail: mirjana@dakalama.net, info@dakalama.net.

    Име Презиме: Мирјана Свилар – Алексовска
    Е-пошта: mirjana@dakalama.net
    Град: скопје
    Занимање: дипл. економист – финансиски менаџер
    Компанија: дакалама нет дооел скопје

  • сашка чекаров – вр-порт

    Вр-порт е компанија специјализирана за изработка на 3Д ПРЕЗЕНТАЦИИ – 3Д РЕАЛНИ ПРОШЕТКИ.

    Нашата компанија е   SERVICE PARTNER на MATTERPORT во  Македонија и пошироко, која  е единствена компанија во светот за изработка на 3Д РЕАЛНИ ПРОШЕТКИ – ПРЕЗЕНТАЦИИ. 3Д РЕАЛНИТЕ ПРОШЕТКИ – ПРЕЗЕНТАЦИИ се импресивни и овозможуваат чувство на -БИДИ ТАМУ. Нашата технологија во основа е 3Д и е подготвена за реални прошетки со 3Д очила. Прошетките на 3Д ПРЕЗЕНТАЦИИТЕ се лесно достапни на Вашиот компјутер/лаптоп, мобилен телефон или таблет. Импресивниот поглед ќе ви овозможи да ги истражите сите  простори во објектот од секој можен агол. Нашиот сервис овозможува изработка на 3Д ПРОШЕТКИ за неверојатни 24 часа. Со  3Д ПРЕЗЕНТАЦИИТЕ  добивате можност вашите објекти да ги доживеете како: 3Д макета, 3Д/360 прошетка, поглед од “птичја перспектива”, внатрешно обележување со тагови-маркирања (со слики, со видео, аудио материјал и линкови), кратка видео презентација, 360о надворешна панорама, 360о  фото-сфера слики за facebook,  автоматска 3Д прошетка и слики со висока резолуција од секој можен агол. Дополнително нудиме можност за изработка на професионален 2Д црно-бел floor план на просторот (шематски Floor-план со точност на димензиите од 99%). Уште една можност која ја нуди нашиот сервис е 3Д-прошетка со ВР-очила преку која добивате чувство на –БИДИ ТАМУ.

    * НАСКОРО публикување на 3Д моделите на GOOGLE MAPS и GOOGLE STREET VIEW.

    Име Презиме: Сашка Чекаров
    Е-пошта: s.chekarov@vr-port.mk
    Град: Скопје
    Занимање: косопственик/продажба и маркетинг
    Компанија: вр-порт

  • Зорица Поповска – Сенсум

    СЕНСУМ е тренинг и коучинг компанија со мисија да овозможи на своите клиенти најдобри можни решенија во областа на развој на лидерството, професионалниот и личниот развој.

    Преку партнертрво со водечки интернационални компании за развој на човечкиот потенцијал на локалниот пазар носиме врвни програми и консултанти.

    Нашата мисија во Сенсум е активирање на вашиот потенцијал, во бизнисот и во животот. Не сме приврзаници на идејата дека треба да се согласите со “status quo” или да играте на сигурно за да бидете безбедни. Посветени сме на личниот развој, инспирирана акција и постојано преминување на нашите моментални бариери и внатрешни стопери и лимитатори.

    Преку нашата Сенсум развојна платформа и иновативни програми, создаваме докажани системи и рамка која им помага на нашите клиенти да креираат извонредни лични и професионални резултати.

    Нашата намера е да ги зајакнеме луѓето за да живеат посреќно, попродуктивно и да го ослободат својот полн потенцијал, да се чувствуваат извонредно и да бидат извонредни преку нивно запознавање со алатки, техники, стратегии и идеи кои не се дел од традиционалниот едукативен систем. Нашата цел? Подобрувајќи се себеси, да го подобриме нашиот професионален и личен живот, да го подобриме бизнисот во кој допринесуваме и да го направиме ова општество подобро место за живеење.

    Име Презиме: Зорица Поповска
    Е-пошта: zorica.popovska@sensum.mk
    Град: Скопје
    Занимање: Тренер и коуч
    Компанија: Сенсум

    www.sensum.mk

  • Лидија Трпевска – Ернст и Јанг овластени ревизори

    ЕY е глобален лидер во областа на ревизијата, даночните и консултантските услуги. Комплетните и квалитетни услуги кои ги даваме ни помагаат да изградиме доверба и сигурност на пазарите на капитал и во економиите низ светот. Ние развиваме искучителни лидери кои се здружуваат во тимови за да ја остварат нашата цел, а тоа е да го исполнат ветувањето на сите стејкхолдери. Со тоа, ние имаме исклучително важна улога во градењето на подобар работен свет за нашите вработени, занашите клиенти и занашите заедници.

    EY во Македонија е дел од глобалната организација и една од 22 земји кои се дел од Централно- југоисточниот регион (CSE) на EY. Ова им овомозможува и олеснува на нашите професионалци да ги користат и имплементираат нашите глобално докажани методологии и опсежни ресурси, со цел да понудат беспрекорни, конзистентни, висококвалитетни услуги, како за домашните, така и за прекуграничните клиенти и за странските инвеститори. Како член на организацијата EY EMEIA, фирмата работи како посебен ентитет во 150 земји. Во рамките на оваа структура, ние можеме да ги испорачаме вистинските ресурси, најдобрите вештини и богатата експертиза за да ги задоволиме потребите на клиентите, без оглед на тоа каде се наоѓаат. Ние сме горди и уверени дека нашиот бизнис го одразува пазарот во кој работиме. Со разновидна и инклузивна култура, имаме за цел да поставиме модел за другите со тоа што ќе ги живееме нашите основни вредности, интегритет, почит и посветеност кон нашиот вработени, тимска работа и потрага по квалитет.

    Име Презиме: Лидија трпевска
    Е-пошта: lidija.trpevska@mk.ey.com
    Град: скопје
    Занимање: Овластен Ревизор
    Компанија: ернст и јанг овластени ревизори доо

     

  • Лидија Стефановска – Бизнис академија Смилевски

    Бизнис академија Смилевски – БАС е приватна самостојна високообразовна установа Висока стручна школа која нуди акредитирани професионални студии по Оперативен менаџмент на прв циклус на студии и Стратегиски менаџмент на втор циклус на студии.

    Академијата е посветена на креирање на квалитетна средина за стекнување на знаења и развивање на вештини на студентите и интересентите од областа на професионалниот менаџмент. Академијата користи сопствена методологија на настава која овозможува голема интеракција помеѓу учесниците во наставниот процес, можност за искуствено учење, експериментирање и забрзано стекнување на компетенции за менаџерски позиции, како и можност за далечинско учење. Во склоп на тоа овозможува и практична примена на знаењето преку континуирана теренска студентска практика за редовните студенти преку која се влијае и врз можноста за вработување на истите студенти.

    Повеќе информации за БАС и студиите на БАС може да најдете на www.bas.edu.mk или да не посетите во БАС во Скопје на бул. Јане Сандански бр. 111/2-1 или во БАС во Битола на ул. Херцег нови бр. 6.

    Студирај на БАС!

    #МОДЕРНО #ПРАКТИЧНО #ПРОФЕСИОНАЛНО

    Име Презиме: Лидија Стефановска
    Е-пошта: l_stefanovska@yahoo.com
    Град: битола
    Занимање: Директор
    Компанија: БАС Институт за менаџмент Битола

Scroll Up