Конференција „200 Жени Претприемачки“

На 21.11.2019 во Ragusa360 – Rooftop, Ве покануваме да бидете дел од Конференција „200 Жени Претприемачки“

По трет пат во Македонија се случува настанот „Конференција за 200 Жени Претприемачки“, кој оваа година ќе биде збогатен и со избор на „Жена на годината“.

На конференцијата ќе присуствуваат: жени сопственички на бизнис, жени со неограничени претприемачки идеи, жени кои се менаџери, жени кои се лидери во својата професија (директорки во корпорации, докторки, наставнички, спортистки итн). Но, жени на кои им недостига охрабрување да го направат следниот чекор.

На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) од земјава и странство, кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претприемаштвото. Презентерите на сите учесници ќе им дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.

Покрај официјалниот дел на настанот, ќе има многу дружење, вмрежување, ќе се остваруваат нови трајни пријателства, нови контакти и соработници, но ќе се доделуваат и плакети за најдобрите жени.

Бидете дел од елитната конференција, бидејќи ние жените знаеме што ни е потребно, што нè интересира и каде сме најсилни, но многу е поубаво чувството кога сето тоа ќе го доживееме заедно.

На конференцијата ќе слушнете како да стигнете до поголем успех во бизнисот, финансиите, маркетингот, спортот и воопшто во животот.

Уживајте!

08:00 – 09:00 / Регистрација и кафе за добредојдовте!

09:00 – 09:15 / Отварање на настанот

09:15 – 09:30 / Забавен дел

9:30 – 10:00 / Кристина Ерцеговиќ

10:05 – 10:35 / Валентина Тасева

10:40 – 10:55 / Гостин мотиватор

11:00– 11:15 / Кафе пауза

11:20 – 11:50 / Сања Милосавлевиќ

11:55 – 12:25 / Марија Лозаноска

12:30 – 13:00 / Михаил Китановски

13:00 – 13:20 / Speed Daiting (вмрежување)

13.30 – 14:30 / Доделување на плакети за Жена на годината

14:30 – 15:30 / Коктел

Валентина Тасева е генерален директор на Семос Едукација првата компанија за IT обуки во Македонија основана во 1995, и косопственик на Certiadria и Clear View компании кои се официјални партнери на Microsoft, Cisco, Oracle, AWS, VMware, EC-Council, Autodesk, Adobe, Unity, Certiport и други светски етаблирани брендови.

 

Валентина е еден од основоположниците на LLPA  Leading Learning Partner Association, здружение на водечки IT тренинг центри од Европа, Средниот Исток и Африка, кое денес брои 32 членови.

 

Покрај многуте лични награди и остварувања, во 2011 во Казахстан на Г-ѓа Тасева и беше доделена првата награда “Women in Business Award for Special Achievements in Industry”

Марија Лозаноска, дипломиран македонист, книжевник и поранешен професор по македонски јазик. Досега има објавено два романа. Текстописец е на неколку големи музички хита. Автор е на еден од најчитаните книжевни блога „Писателката од Лозана“. Има сопствен бизнис за изработка и дизајн на накит. Активна е на социјалните мрежи преку маркетинг на сопствената работа, но и преку ангажманот за поединци.

Тема: „Што сакам да бидам кога ќе пораснам“

Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји меѓу кои во: Германија, Турција, Полска, Србија, Хрватска, Непал, Кина, Словачка, Белгија, Словенија, Унгарија, Русија итн. Со 22 годишно искуство за повеќе од 700 клиенти и воедно управител на Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје. Исто така, има реализирано неколку стотици типови на inhouse consulting, training & coaching работни сесии за клиенти во 70 различни индустрии во светот, вклучувајќи го модулот за музика и менаџмеент со клавир во живо.

Сања Милосављевиќ

По завршувањето на студиите во 2004 година, кратко време работи во основно училиште како професор по српски јазик и литература. Таа многу брзо сфаќа дека ова не е нејзин предизвик и се решава да продолжи како научен и стручен преведувач за англиски јазик. За да се обиде со нешто ново и да се извлече од својата таканаречена „комфорна зона“, во 2016 година, основа компанија за производство на домашна рачна изработка на тестенини, која се продава на пазарот под името „Моето гнездо“.

Една од нејзините најголеми успеси е настапот на Летниот Фенси Форум во Foodујорк во 2018 година, како еден од претставниците на Србија на престижниот саем за прехранбена индустрија за храна, како и обуки што ги одржуваат жени во руралните делови на Србија на тема економско и социјално зајакнување на жените во неразвиените области.

Таа постојано работи на подобрување на личните и професионалните компетенции. Често присуствува на конференции и панели, како слушател и како говорник.

Во септември, таа дипломираше на Летната школа во развој на нови производи во Варшава и во моментов е член на Академијата за циклусна економија.

Серискиот претприемач, писател и бизнис ментор, Кристина Ерцеговиќ е родена во Загреб. Има завршено маркетинг на Економскиот факултет при Универзитетот во Загреб, МБА во бизнис училиштето Cotrugli, како и НЛП Leadership, НЛП Advanced Program in Business и НЛП мајстор за напредна програма во бизнис. Нејзината мисија е да ги охрабри луѓето во регионот да започнат сопствен бизнис и да го живеат животот со полна пареа. Таа е основач на Хераклеа 2002 година, првата агенција во Хрватска специјализирана за mystery shopping со која имаше голем број на иновативни проекти, како што се Mystery shopping денот и Heraklea Customer Service Академијата итн. Хераклеа ја продаде во март 2012 година, потоа ја основа фирмата Milde во 2013 година и истата ја продаде во 2014 година. Од 2010 година води своја сопствена фирма Zaokret, во чиј што склоп е проектот Бизнис Кафе – вмрежување на мали бизниси. Таа беше ментор на серија на start-up натпреварувања, како и во ТВ шоу Сила на волјата. Кристина е чест гостин-предавач и модератор на панели на различни деловни конференции. Таа исто така беше TEDx говорник, член на CRANE и претседател на жирито за избор на најдобар хрватските претприемач во организација на WIA. Ко-автор е на првата експертска книга за mystery shopping во светот, наречена Мерење на менаџмент и Момент на вистината, како и на Тајната на исчезнатите клиенти. Во 2013 та година ја напиша книгата Сам свој газда – како да се успее во бизнисот, и покрај сè и секого. Добитник е на MSPA Европа награда за односи со јавноста и маркетинг, награда за најуспешна промоција на mystery shopping во Европа во 2004 година и 2005 година.Таа ја доби и наградата CROMA за најдобар менаџер во 2007 година во категорија на млади менаџери како прва жена во таа категорија и најмлад менаџер, а во мај 2008 година ја доби MSPA Hall of Fame Award, како признание за успешна промоција на mystery shopping во Југоисточна Европа. Таа исто така беше номинирана за жена на годината, во организација на списанието Zaposlena во 2009 година. Пред да се започне со Хераклеа работела четири и пол години во Плива, од кои една година во Полска и во Чешка.

Изградете го Вашиот бизнис без да изгорите – Build your business without burning out

  • Доста се криете, излезете од Вашиот плакар, превземете ги незавршените работи.
  • Започнете со НЕ, како да работите НА а не само ВО бизнисот,
  • Како да го продадете бизнисот, без чувство на срам, вина и непријатности
  • Како да поставите систем
  • Важноста од вмрежувањето и моќта на вмрежувањето, бидејќи вистината е со кого си таков си
  • Совети како да го изградиме својот бизнис без да изгориме

Модератор на настанот

                                                                              

Огнен Јанески

Цена на карти:

Рана уплата до 10.11.2019:

  •  1 карта – 2.400 ден

Редовна уплата од 11.11.2019:

  •  1 карта – 2.900 ден

Картите се купуваат преку уплата на долунаведената трансакциска сметка и уплатницата е потврда за учество на конференцијата. Уплатата истотака може да се изврши и преку фактура.

Назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје
Банка на примач: НЛБ Банка
Трансакциска сметка: 210-067036660110
Цел на дознака: Конференција


Ве молиме после уплатата регистрирајте се.

Ве молиме формата за апликација пополнете ја на кирилица.

I дел - Информации за регистрација

II дел - Претставете ја вашата компанија

Доверливоста е најаката алатка во работењето на секој претприемач!
Затоа, на секој учесник на Конференцијата „200 Жени Претприемачки“ им се нуди можност да се претстават себеси и нивната компанија на нашата веб-страницата www.kasiaevents.mk во (Учесници). Со тоа ќе добиете информирани за сите учесници во случајот 200 жени претприемачки, како и кај пошироката популација што следи.
Станете уште видливи и забележливи!

A за тоа е потребно да прикачите:
• Word документ - максимум пола страница (Arial фонт 12) Ве молиме описот на Вашата компанија да биде на кирилица!
• 2 слики/.JPG (ние предлагаме една од вашите лични слики и една слика од вашиот производ или логото со тоа што да се до 300KB!

СПОНЗОРИ

Ние сме лидер на пазарот за производство на безалкохолни пијалаци и пиво кој бележи постојан раст и одржлив развој.

Ние постоиме за да ги задоволуваме потребите на нашите купувачи и потрошувачи. Како Пиварци, нашето дејствување и однесување се засноваат врз строги принципи. Постојано ја градиме нашата продажна организација, која пак придонесува за растот на компанијата, пазарот и секако, заедницата. Имаме јасна визија и цели на чие што постигнување сме посветени за доброто на сите.

www.polnacasa.mk

Бизнис академијата Смилевски – БАС е Висока школа за професионални менаџери која го премостува јазот меѓу теоријата и реалниот деловен свет.

Академијата нуди акредитирани професионални студии по Оперативен и Маркетинг менаџмент на прв циклус и по Стратегиски менаџмент на втор циклус.
БАС користи сопствена методологија на настава која овозможува голема интеракција меѓу студентите и можности за активно експериментирање за забрзано стекнување компетенции за раководни позиции.

Континуираната пракса од еден ден неделно, обезбедена за редовните студенти во текот на целите студии отвора реални можности за активно усовршување при студирањето, но и ги зголемува шансите за прво вработување уште во текот на студиите.

Пазарот за животно осигурување во Р. Македонија официјално започна да се развива во 2005 година со основање на првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Од самото основање компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна позиција. Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање на штети, Кроациа Осигурување – Живот се издвои како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет.

Производител на првокласна модна облека со префинет дизајн и класичен крој која го одразува стилот на модерната и деловна жена.

Повеќе од 20 години неуморно ја усовршуваме нашата уметност. Bella, од омилена скопска кројачница, израсна во истакнат бренд на женска гардероба кој ги остварува модните фантазии на современата жена.

Pageland е агенција за дизајн и маркетинг, предводена од двајца основачи. Креативноста и оригиналноста се главни атрибути кои тимот на Pageland ги надоградува постојано.

Целосни брендинг решенија, PR, изработка на веб страни, менаџирање на социјални медиуми, креирање и водење на маркетинг кампањи кои се круцијални за истакнување на бизнисот на една компанија, се дел од секојдневните предизвици на тимот на Pageland.

Scroll Up