Конференција „100 Жени Претприемачки“

На 28.11.2017 во ALLIKAS, Ве покануваме да бидете дел од Конференција „100 Жени Претприемачки“

За прв пат во Македонија се случува ексклузивен настан посветен на жените Конференција „100 Жени Претприемачки“.

За прв пат во Македонија се случува ексклузивен настан посветен на жените Конференција „100 Жени Претприемачки“.

„Business ladies – Забава, инспирација, мотивација, вмрежување“

Идејата за вмрежување на жените претприемачки веќе успешно се реализира во Словенија, од 2013 година до ден денес. Нашите соработници, оваа година, на 5 Април се оддржа 5тото издание на конференцијата 500 претприемачки со присуство од над 600 жени претприемачки.

Забава, инспирација, мотивација, вмрежување – овие четири лозинки накратко ја  опишуваат конференцијата „100 Жени Претприемачки“ што е невообичаен мотивациски настан за жени, кој ќе се одржи 28 ноември во Скопје. Овој енергетски ден ќе биде исполнет со знаење, инспирација, добри енергетски и деловни контакти.

Kasia Еvents – кој е одговорен за организирање на конференции, планирано е на овој ден да се соберат 100 жени кои имаат желба за живот, кои сакаат да воспостават деловни контакти, да ја разбудат во себе силата и да дејствуваат и да се охрабрат за промени, за коишто секогаш сонувале.

На оваа конференција ќе присуствуваат жени кои што се сопственички на свој бизнис и жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор.

На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претпиемаштвото. Презентерите до сите учесници ќе дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.

За време на конференцијата:

  • Ќе добиете нови контакти (100 жени на едно место)
  • Ќе ги слушнете вистинските приказни на жените кои, иако го знаат вкусот на неуспехот, ја искористиле својата внатрешна сила за да успеат – ќе покажат како го сториле тоа.
  • Тие ќе докажат начини како да направите разлика во бизнисот, односите и приватниот живот
  • Тие ќе ве инспирираат да работите и да наполните енергија за да направите разлика
  • На конференцијата ќе слушнете како до поголем успех во бизнисот, финансиите, маркетингот и животот.
  • Значајни предавања и од експерти за женско претприемништво

Знаеме што им е потребно на жените, што нè интересира и каде сме најсилни, но многу е поубаво чувството кога сето тоа ќе го доживееме заедно.

Ова ќе биде посебен ден што секоја жена го заслужува. Без оглед на возраста и видот на професијата, секоја заслужува да доживее големи емоции, да научи нови работи, да запознае нови луѓе и да ужива во секој момент.

За време на конференцијата ќе можете преку директни продажни состаноци, своите услуги или производи да им ги понудите на голем број претпријатија на сесијата наречена speed dating.

Жените владеат со светот!

08:00 – 09:00 / Регистрација и кафе за добредојдовте!

09:00 – 09:05 / Отварање на настанот

09:05 – 09:40 / Спикер

09:40 – 10:15 / Спикер

10:15 – 10:40 / Кафе пауза

10:40 – 11:10 / Спикер

11:10 – 12:00 / Speed Daiting (вмрежување)

12:00 – 12:05 / Обраќање на спонзор

12:05 – 12:35 / Спикер

12:40 – 13.30 / Пауза за ручек

13:30 – 14:00 / Спикер

14:00 – 14.30 / Спикер

14:30 – 15:00 / Забава, доделување на награди, крај на настанот

*Го задржуваме правото за промена на програмата.

Mr. sc. Диана Кобас Дешковиќ е експерт во областа на женското лидерство, воспоставување на рамнотежа помеѓу различните улоги и генерално здравиот пристап кон животот. Со нејзината работа им помага на жените да ги изразат нивните вистински желби и амбиции, преку остварување на работните и животни цели. Таа е идеолог и креатор на MAMFORCE © метода со која се поддржува родовата еднаквост и развојот на семејното одговорност во оперативни средини кои создаваат среќни, задоволни и ангажирани работници. Таа го промовира значењето на обезбедување на услови за работа на усогласување на приватниот и професионалниот живот, како и условите за непречено развивање на кариерите на мајките и жените воопшто. Таа завршила МБА во Бизнис школа на IE во Мадрид, и магистрирала, а дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Загреб. Обучена е и во областа на трансакцијата и гешталт психотерапијата. Нејзината кариера се разви во Плива на различни менаџерски позиции во областа на маркетингот и комуникациите, а потоа се упати кон развивање на сопствени претприемачки иницијативи. Сертифицирана е како извршен тренер на Академијата за извршен тренинг во Лондон, која ја надогради со понатамошно образование во областа на лидерство преку своето различно образование и искуство.

Диана во нејзината работа таа користи уникатен пристап кој ги комбинира со личен развој, лидерство и развој со практични вештини. Среќно е омажена и мајка на двајца основношколарци.

“Како успешно да се балансира приватното и деловното во семејства со две кариери? “

Семејната ситуација значително влијае врз деловниот живот и обратно. Значително е полесно, поудобно и посреќно да се  живее, ако двете области добро функционираат. Потребите на работата се повеќе се зголемуваат и влегуваат во приватното време, особено ако си ја сакате и сре посветени на работата. Но, сите имаме приватни обврски и се обидуваме да ги усогласиме сите живот улоги.

Предизвиците се поголеми кај паровите со две кариери во семејството

Ситуацијата е дополнително комплицирана ако двата животни партнери се посветени на развој на кариерата. Таму често се зборува за обврските на работодавците, кои треба да се организираат во  работата, земајќи ги во предвид приватните потреби на вработените, но со тенденција да  заборавиме дека голем дел од одговорноста за организацијата на работата и приватниот живот е и на самите нас.

Поголеми предизвици во тоа имаат жените бидејќи се уште ги обавуваат поголемиот дел од домашните обврски и детската заштита, што значи дека тие веројатно може помалку да се посветат на развој на кариерата во годините кога тоа е најважно, а како што обично се случува се е важно –  и проширување на семејството и можност за развој на кариерата. Двојките неретко се одлучуваат за развој на кариерата на еден  во семеството , со цел подобро функционирање во животот. Но, гледајќи ги статистички разводите на браковите, како и опкружувањето, лесно може да се согледа дека е предизвик да се усогласи работата и приватниот живот на брачните двојки со две кариери во семејството.

Кој стои зад успешните жени?

Обично се вели дека зад секој успешен маж стои жена, а зад секоја успешна жена друга жена – најчесто мајката. Но, дали е тоа навистина така? Дали има други модели? Што ни носат новите генерации и нивните очекувања од приватниот живот и работата?

Кристина Ерцеговиќ

Сериски претприемач, писател, бизнис ментор

Сериски претприемач, писател, бизнис ментор Кристина Ерцеговиќ родена e во Загреб. Има завршено маркетинг на Економскиот факултет на Универзитетот во Загреб, МБА во бизнис училиштето Cotrugli, како и НЛП Leadership, НЛП Advanced Program in Business и НЛП мајстор за напредна програма во бизнис. Нејзината мисија е да ги охрабри луѓето во регионот да започнат сопствен бизнис и да го живеат животот со полна пареа. Таа е основач на Хераклеа 2002 година, првата агенција во Хрватска специјализирана за mystery shopping со која имаше голем број на иновативни проекти, како што Mystery shopping ден и Heraklea Customer Service Akademijа итн. Хераклеа ја продаде во март 2012 година, потоа ја основа фирмата Milde во 2013 година и истата ја продава во 2014 година. Од 2010 година води своја сопствена фирма Zaokret, во чиј што склоп е проектот Бизнис Кафе – вмрежување на мали бизниси. Таа беше ментор на серија на start-up натпреварувања, како и во ТВ шоу Сила на волјата. Кристина е чест гостин-предавач и модератор на панели на различни деловни конференции. Таа исто така беше TEDx говорник, член на CRANE и претседател на жирито за избор на најдобар хрватските претприемач во организација на WIA. Ко-автор е на првата експертска книга за mystery shopping во светот, наречена Мерење на менаџмент и Момент на вистината, како и на Тајната на исчезнатите клиенти. Во 2013 та година ја напиша книгата Сам свој газда – како да се успее во бизнисот, и покрај сè и секого. Добитник е на MSPA Европа награда за односи со јавноста и маркетинг, награда за најуспешна промоција на mystery shopping во Европа во 2004 година и 2005 година.Таа ја доби и наградата CROMA за најдобар менаџер во 2007 година во категорија на млади менаџер како прва жена во таа категорија и најмлад менаџер, а во мај 2008 година ја доби MSPA Hall of Fame Award, како признание за успешна промоција на mystery shopping во Југоисточна Европа. Таа исто така беше номиниран за жена на годината, во организација на списанието Zaposlena во 2009 година. Пред да се започне со Хераклеа работела четири и пол години во Плива, од кои една година во Полска и во Чешка.

Изградете го Вашиот бизнис без изговор – Build your business without burning out

  • Доста се криете, излезете од Вашиот плакар, превземете ги незавршените работи.
  • Започнете со НЕ, како да работите НА а не само ВО бизнисот,
  • Како да го продадете бизнисот, без чувство на срам, вина и непријатности
  • Како да поставите систем
  • Важноста од вмрежувањето и моќта на вмрежувањето, бидејќи вистината е со кого си таков си
  • Совети како да го изградиме својот бизнис без да изгориме

Зори Јаколин – претприемачка

Организатор на бизнис настан

Носител на лиценца за Бизнис Кафе Словенија

Инспиративен творец на нови проекти и брендови

Коосновач на 500 жени претприемачи

 

Едно лице, и многу можности.

Зори е претприемач, создава нови можности и гради мостови помеѓу неповрзани патишта. Вашиот бренд е нејзина инспирација и со задоволство ќе ве однесе во светот на препознатливите и успешните.

Таа е олицетворение на инспирацијата. Каде што другите се откажаа, таа таму започнува. Зошто? Некако таа секогаш успева да влезе во личноста на која ѝ треба и нејзиниот совет. Знае да предвиди одредени ситуации, особено поради искуството во сите области и, следствено, знае како да ги реши работите и ситуациите.

Нејзиниот пристам честопати е изненадувачка, бидејќи таа ќе го потврди и ќе каже што си длабоко сакаше во себе, но не бевте сигурни дека можете да го реализират,  додека не ви го покаже патот. Неконвенционални, но многу иновативни и успешни во својата област. Среќата во животот е во тоа што, кога создавате добрина, вие се сретнувате со добри и многу посебни луѓе кои ѝ помагаат во развојот, растот и успехот. Сакајте ги луѓето, не ги имајте сите за вашата конкуренција, поврзете се со нив, така е полесно  да ги изградите и реализирате вашите идеи и визии.

Постои ли некој друг пат? Или  Ти како свој onewoman BRAND

Кога целиот свет се врти на вашата глава и имате чувство дека сè е против вас, кренете се сами и не чекајте некој да ви даде рака за помош. Верувај ми, твојата рака и одлука ќе те понесе најдлабоко и најуспешно.

Сања Поповска Петров е основач и глобален директор за настани во Пи Ворлд, македонска креативна агенција со присуство во над 30 земји во светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Турција, Саудиска Арабија, Иран, Египет, Хрватска и Србија.

Како глобален директор за настани, Сања е задолжена за стратешките партнерства на компанијата со супер брендови како Фејсбук, Гугл, Кока- Кола и Пиксар. Сања исто така е и директор на најголемиот светски настан за човечки ресурси – Global HR Summit, кој се одржува секоја година во 16 земји во светот.

Очекувања и реалност – Што значи да си жена лидер во 2017

Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор на книгата 333 Афирмации www.katerinaangelovska.mk

Нејзиниот авантуристички и позитивен дух, како и личното долгогодишно истражување во психологијата и филозофијата резултира со звањето сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Jack Canfield www.jackcanfield.com

Програмата за личен развој “Биди најдобра верзија од себе” по која ја препознаваме Катерина Ангеловска е базирана според принципите за успех по методот на Jack Canfield. Таа води разновидни обуки и работилници за личен и професионален развој и целосно е посветена на мотивирање, инспирирање и тренинг на денешните генерации, со цел да ја пронајдат големината и моќта во себе, и да станат творци на својот живот.

Катерина оваа година ја издаде својата прва книга “333 Афирмации”. Ова е нејзина лична збирка преку која не води низ светот на позитивната творечка мисла. Таа верува дека развојот на позитивната состојба на умот е една од најмоќните животни стратегии. Афирмациите како техника за позитивно размислување се дел од нејзината програма.

Во нејзината листа на сертификати се вклучени и Master Neuro Human Behavior Practitioner of the Art and Science of Neuro Linguistic Programming (NLP), SPIN Coaching Programme, SPIN Selling Skills Programme и други.

Таа исто така е и сертифициран Реики практикант www.usuishikiryohoreiki.com Реики е многу стара техника за исцелување, метода на традиционалната медицина, која се базира на користење на Универзалната енергија, наменета за подобрување на капацитетот на виталната енергија на човекот, за подобрување на имунитетот, и за подобрување на квалитетот на животот. Во многу развиени земји, Реики методата е интегрирана со методите на современата медицина. Реики како практика е дел од работењето на Катерина.

 

БИДИ НАЈДОБРА ВЕРЗИЈА ОД СЕБЕ

Јас верувам во луѓето и верувам дека секој заслужува да биде среќен и успешен. Светот за мене функционира идеално доколку сите ние го правиме тоа што го сакаме.

Сите ние имаме одредена функција, и доколку би ја извршувале со љубов и радост, тогаш светот ќе биде едно прекрасно креативно место за живеење каде секој поединец инспириран од сопствената извонредност ќе даде придонес кон сочувство, мир и љубов.

Нашата мисија е да ги развиеме нашите способности и да научиме како да бидеме ефективни креатори. Тука сме да бидеме креатори, да го инфилтрираме просторот со идеи и мисли, да направиме нешто од овие животи. Да ја поттикнеме личната трансформација, да веруваме во сопствената интуиција и да делуваме во склад со нашите вредности и верувања. Да ги доживуваме и прифатиме нашите чувства, и да бидеме најдбра верзија од себе.  И сиот оној баланс, онаа рамнотежа и хармонија по која трагаме ќе добијат вистинска структура. Како што ние ќе се исцелуваме, ќе се исцелува и целото човештво.

Клучот да го промениме светот, да го промениме нашиот живот и да ги облагородиме тие околу нас е автентичноста, подготвеноста да бидеме свои, да бидеме најдобра верзија од себе и да живееме живот во согласност со сопствените потреби, без ограничувања надвор од комфорт зоната во која се наоѓаме. Да ја пронајдеме хармонијата која доаѓа со себе-прифаќање и во процесот да ја откриеме нашата животна мисија и неограничените можности кои не чекаат.

Горазд Смилевски (Бизнис Академија Смилевски – БАС) е самостоен консултант за организациски промени, обучувач на возрасни и пасиониран љубител на психометриски инструменти и модели за објаснување на различностите меѓу луѓето. Негов академски фокус се културите – културата на индивидуата, заедниците, организациите и општествата.

 

Точки:

Пронаоѓањето на смисол во животот е интимна борба на секој човек (жена)

Секој човек (жена) има капацитет да го осмисли својот живот

Секој човек (жена) може да постигне извонредност, ако се посвети на својот смисол

Секоја жена може да биде успешен претприемач – успешен осмислувач и навигатор кон својата извонредна иднина

Цена на карти:

Рана уплата до 10.11.2017:

  •  1 карта – 2.400 ден

Редовна уплата од 11.11.2017:

  •  1 карта – 2.900 ден

*За првите 20 купени карти следува подарок книга и влезница за Бизнис кафе Македонија​


Картите се купуваат преку уплата на долунаведената трансакциска сметка и уплатницата е потврда за учество на конференцијата. Уплатата истотака може да се изврши и преку фактура.

Назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје
Банка на примач: НЛБ Банка
Трансакциска сметка: 210-067036660110
Цел на дознака: Конференција


Ве молиме после уплатата регистрирајте се.

Ве молиме формата за апликација пополнете ја на кирилица.

I дел - Информации за регистрација

II дел - Претставете ја вашата компанија

Доверливоста е најаката алатка во работењето на секој претприемач!
Затоа, на секој учесник на Конференцијата „200 жени претприемачки“ им се нуди можност да се претстават себеси и нивната компанија на нашата веб-страницата www.kasiaevents.mk во (Учесници). Со тоа ќе добиете информирани за сите учесници во случајот 200 жени претприемачки, како и кај пошироката популација што следи.
Станете уште видливи и забележливи!

A за тоа е потребно да прикачите:
• Word документ - максимум пола страница (Arial фонт 12) Ве молиме описот на Вашата компанија да биде на кирилица!
• 2 слики/.JPG (ние предлагаме една од вашите лични слики и една слика од вашиот производ или логото со тоа што да се до 300KB!

СПОНЗОРИ

Ние сме лидер на пазарот за производство на безалкохолни пијалаци и пиво кој бележи постојан раст и одржлив развој.

Ние постоиме за да ги задоволуваме потребите на нашите купувачи и потрошувачи. Како Пиварци, нашето дејствување и однесување се засноваат врз строги принципи. Постојано ја градиме нашата продажна организација, која пак придонесува за растот на компанијата, пазарот и секако, заедницата. Имаме јасна визија и цели на чие што постигнување сме посветени за доброто на сите.

www.polnacasa.mk

Бизнис академијата Смилевски – БАС е Висока школа за професионални менаџери која го премостува јазот меѓу теоријата и реалниот деловен свет.

Академијата нуди акредитирани професионални студии по Оперативен и Маркетинг менаџмент на прв циклус и по Стратегиски менаџмент на втор циклус.
БАС користи сопствена методологија на настава која овозможува голема интеракција меѓу студентите и можности за активно експериментирање за забрзано стекнување компетенции за раководни позиции.

Континуираната пракса од еден ден неделно, обезбедена за редовните студенти во текот на целите студии отвора реални можности за активно усовршување при студирањето, но и ги зголемува шансите за прво вработување уште во текот на студиите.

Pageland е агенција за дизајн и маркетинг, предводена од двајца основачи. Навлегувајќи во креативниот свет, Pageland почна да го користи и маркетингот, како алатка која е неопходна за унапредување на креативните решенија користени во бизнис идеите. Pageland нуди целокупно решение за уникатен дизајн и успешна маркетинг кампања со кои Вашиот идентитет ќе биде поставен до Вашата посакувана таргет група. Нудиме гарантирана препознатливост на пазарот, оригиналност во брендингот, спојување на креативен дизајн и успешен дигитален маркетинг кои ќе Ве постават до очите на илјадници интернет корисници, внимателно таргетирани, со  цел  да излезат во пресрет на тоа што Вие го нудите.

 Lyoness е основан во 2003 година и во моментов брои околу 1,000 вработени и е активен на 47 пазари низ целиот свет како глобална Куповна Заедница (Shopping Community) за потрошувачи во повеќе сектори и како Лојална Програма за Потрошувачи (Customer Loyalty Program) за Трговските Партнери на Lyoness низ целиот свет. Во моментот, Lyoness има повеќе од 7 милиони Членови и тие добиваат ексклузивни Предности при пазарувањето – на пример Cashback од нивните купувања и Shopping Points – додека Трговските Партнери добиваат лојални потрошувачи, на кои им нудат специјални Предности.

www.lyoness.com/mk

Туристичката агенција Fly Turizam е една од првите агенции кои се специјализирани за организирање летувања, зимувања, семинари, излети како и орган

изирање патнички и туристички превоз. Вработените имаат долгогодишно работно искуство што придонесува за успешно реализирани проeкти, како во аранжманското и индивидулното патување така и во шалтерското работење за авио билети.
Флај туризам има свои бизнис партнери во Малта, Шпанија,Дубаи, Тунис, Турција, Кипар, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Грција и Албанија, со чија помо

ш им обезбедува беспрекорен одмор на своите клиенти согласно нивниот буџет и слободно време.

НЕКА ПАТУВАЊЕТО ВИ БИДЕ ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ СО ФЛАЈ ТУРИЗАМ

ПОДДРЖУВАЧИ

Во еколошки најчистиот дел на Македонија, во близина на дебарското село Гари, на надморска височина од 1.200 метри, се наоѓа изворот на водата MAYA. Откако ќе се извлече од бунарите длабоки од 80 до 120 метри, со најсовремен водовод, изграден според највисоки стандарди, таа се пренесува до фабриката за пакување.

Објектот се простира на 4.000 метри квадратни површина и е една од најмодерните и технолошки најсовремените фабрики во Европа.

Фабриката е опремена со машини од најпознатиот светски производител на линии за полнење „Кронес“, а ги има имплементирано и светските стандарди за безбедност и квалитет како што се ХАЦЦП и ИСО 22000:2005 стандардите за градежништво и за производство.

 Агенција „Марили“ е маркетингшка издавачка и видеопродукциска куќа со традиција од над 20 години односно го издава Бизнис каталог на Република Македонија веќе 22 години, а ја организира манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Р.М. и од дијаспората“ истотака 22 години. Работи со сопствен бизнис портал www.marili.com.mk и има сопствен МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ кој ги обединува жените менаџери од манифестациите. Истотака работи и на тематски ден веќе 4 години „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ кој е посветен на современиот животен стил на секоја жена. Работи и на голем број на поединечни проекти за компании од областа на маркетингот и медиумската презентација.

Организација на жени на град Скопје е основана во 1991 година како невладина и непрофитна организација, со главна цел заштита на женските права, почитување на нивниот интегритет, ослободување од стереотипите и традициите, како и борбата против секаков вид насилство и дискриминација. ОЖС е првата невладина организација основана за постигнување на родова еднаквост во сите сфери на општествениот живот. ОЖС раководи со сопствен шелтер центар за сместување на жртви од насилство како и со Национална СОС линија за помош на жртви на насилство (15-700).

ПРИЈАТЕЛ НА НАСТАНОТ

Ива Про е компанија која што е основана во крајот на 1990та година, а официјално почнува со работа на 1 април 1991 година. Основната дејност на компанијата е продажба на канцелариски и школски материјали и услуги како фотокопирање, принтање А4 и А3, скенирање, укоричување и пластифицирање. Ива Про е главен дистрибутер на производите на ACCO Brands (GBC, Rexel, Nobo, Kensington), Koh-I-Noor, Centrum, ICO, Herma, ProfiOffice, Lastinski, Sorex, UPM и Tekiner.

МЕДИУМСКИ ПАРТНЕРИ

 

Fakulteti.mk (Медиумски партнер)

Факултети е веб страна посветена на високо образовните установи во Р.Македонија. Целта ни е да им помогнеме на идните студенти во нивниот избор на студии, и да ги насочиме сегашните студенти кон нови знаења, стипендии и работни места.

Срекја.мк е познат и по нашата Среќна онлајн продавница, односно по нашите чаши и маици со брендот Среќа е … , како и други креативни производи. http://proizvodi.srekja.mk/

Нашата политика е да правиме посетеност со порталот се со цел да си ги рекламираме производите. Постоиме веќе година и неколку месеци.

Женски Магазин ви го нуди женскиот свет на дланка.

Сите приказни, успешни, емотивни, полни со подеми и падови… се наша неисцрпна инспирација.

Ја истражуваме секоја животна сторија, па дури и вашата.

Scroll Up