ЦЕНТАР ЗА СОВРЕМЕНА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ (ЦСЛУ)

Центарот за Современа Ликовна Уметност – Прилеп е организација која е основана во 1957-та година, со што претставува најстара организација посветена на современата ликовна уметност во Југо-Источна Европа, која функционира без прекин во континуитет.

Мисијата на ЦСЛУ-Прилеп е да се стимулира, поттикнува, развива и унапредува ликовното творештво во домашни, но и во меѓународни рамки. Преку своето работење, ЦСЛУ ги збогатува ликовните фондови со нови современи уметнички творби. Преку своите интернационални ликовни манифестации придонесува за афирмација на угледот на Република Македонија во светот. Преку своите облици на интернационално комуницирање организацијата придонесува за зближување на уметниците од целиот свет, а притоа и зема учество во уметничкото збогатување на урбаните простори во Република Македонија, преку изложби, публикации, предавања, научни собири и други сооблици при што врши популаризација на современата ликовна уметност во Македонија и во светот.

ЦСЛУ-Прилеп има долгогодишно искуство во остварување на своите цели и идеи преку реализација на годишните програми во континуитет, без никаков застој во своето работење и покрај тешките услови за нормално функционирање во транзициско општество како што е Република Македонија, и каде културата и уметноста се на последните нивоа од интерес на граѓаните и на државата, што не е случај со светските практики и искуства.

Наша примарна целна група се љубителите на уметнички дела, мецените и колекционерите, кои преку културните работници и уметници, како и делот од јавноста – љубители на културата и уметноста остануваат во постојан допир со светските теркови на визуелните сетила.

Име Презиме: Јана Јанеска ристески
Е-пошта: jana.janeska@gmail.com
Град: Прилеп
Занимање: генерална менаџерка и претседателка на уметнички совет
Компанија: центар за современа ликовна уметност (цслу)

http://www.cslu-prilep.org/

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll Up