Почитувани,

Веб-портал www.zenitevoekonomijata.com женски бизнис веб – портал наменет за сите жени претприемачи и оние кои допрва размислуваат да ја градат сопствената кариера водејќи сопствен бизнис.

На овој веб-портал можете да најдете најнови и корисни информации поврзани со бизнис, кариера, живот и здравје, низа актуелности и информации поврзани со организација на идни настани од областа на женското претприемништво и претприемништвото воопшто.

Посетителите на веб-порталот www.zenitevoekonomijata.com и претплатниците на неделниот информатор ќе можат да се информираат и за сите попусти, акции и промоции на широка лепеза производи и услуги кои ќе им го подобрат квалитетот на професионалниот и приватниот живот.

Улогата на жените претприемачи во Македонија во последните години сѐ повеќе се зајакнува и проширува. Нивното учество во реализација на позитивните промени во бизнис секторот и воспоставувањето на нови стандарди во работењето е од исклучително значење за развојот на економијата.
Во Македонија постојат низа успешни бизнис приказни кои треба да бидат промовирани како позитивни примери кои ќе ги охрабрат и останатите жени со претприемачки способности да се вклучат во развојот на своите идеи.

Следете не на нашиот веб-портал, Фејсбук страница и Јутјуб канал.

Име Презиме: Марија Манева
Е-пошта: manevamarija@yahoo.com
Град: Штип
Занимање: уредник
Компанија: www.zenitevoekonomijata.com

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll Up