Еурека Информатика е софтверска компанија посветена на задоволување на потребите на своите клиенти за иновативни и ефикасни софтверски решенија кои го покриваат деловното работење на компаниите од различни области и кои им помагаат полесно да ги реализираат своите секојдневни оперативни и планско аналитички активности.  Во своето работење, тимот на Еурека Информатика настапува партнерски со своите клиенти, прилагодувајќи се на нивните потреби и давајќи им значење на сугестиите на своите клиенти.  Тимот на Еурека Информатика се состои од 12 професионални програмери и проектите ги реализира со посветеност, креативност и страст уште од 1990 година.

Еурека Информатика располага со  ERP систем кој се состои од меѓусебно интегрирани модули: финансиско и сметководствено работење, управување со залихи, угостителско материјално работење со нормативи, фактурирање,  основни средства, персонална евиденција и плати и специјализирани решенија за производни фирми и нафтени компании со бензински станици. Еурека е препознатлива на македонскиот пазар особено по софтверот за интегрирано царинско работење со сите видови скратени постапки за царинење, нктс, евиденција на гаранција,  евиденција за јавни и царински складишта, паркинг и царински терминали, а во последните години во интензивен развој е софтверот за интегрираното хотелско работење кој опфаќа рецепциско работење, интеграција со веб страни со онлине резервации и плаќања,  ресторанско работење, продавница, тениски терени, фитнес и спа центар и менувачница .

Име Презиме: Катарина Милошевска
Е-пошта: katarina.milosevska@eureka.com.mk
Град: скопје
Занимање: дипл.машински инженер
Компанија: еурека информатика

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll Up