Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) помага во креирањето на работни места и зголемување на приходите на невработените и недоволно ангажираните жени и мажи во Македонија, со посебен фокус на младите.
Зголемување на пазарната вработливост (IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Swisscontact и локалниот партнер PREDA Plus. IME програмата работи на зајакнување на бизнис-секторот во Македонија, на подобрување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди, на проширување на пазарите и создавање поволна средина во трите избрани сектори: туризам, креативни индустрии и зелена (еколошка) економија. Првата фаза на програмата се имплементира од 1 април 2015 до 1 април 2019 и е со буџет од 6.25 милиони швајцарски франци.
IME имплементира активности кои ќе придонесат во зголемувањето на приходите на мажите и на жените, а особено на младите, преку зголемување на конкурентноста на малите бизниси во клучните сектори и кај земјоделците. Важно е дека фокусот е ставен на обезбедување одржливи системски промени кои ќе овозможат пристап до пазарите, генерирање на приходи и усвојување на системска динамика на среден и долг рок.

Име Презиме: Емилија Јованова Стоилкова
Е-пошта: emilija.jovanova@swisscontact.org
Град: Скопје
Занимање: експерт за развој на вештини
Компанија: Swisscontact, ИМЕ програма

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll Up