Приватната здравствена установа”Царчев-Чортаноски”успешно се занимава со естетска стоматологија,детска стоматологија, протетика, орална хирургија и имплантологија од 1997 година.

Основана од страна на Прим.др.Павле Царчев и Асс.др.Љупчо Чортаноски, и двајцата специјалисти по орална хирургија, ординацијата прераснува во центар каде секојдневно се извршуваат зафати од областа на оралната хирургија, како примарна дејност.Од 1998-2000 во тимот се приклучуваат и др.Виолета Фидановска,др.Јасминка Динеска Фирфов и др.Татјана Арсова,кои со сопствената доедукација во земјава и странство, ја прошируваат областа на делување, а воедно од 2000год.го превземаат брендот.

Во 2005 година поради проширување на дејноста и зголемениот обем на работа, како и зголемување на бројот на вработени, ординацијата се сели во нови, модерно опремени простории во кој функционира РТГ кабинет и посебно опремен дел за имплантологија. Со цел да им излеземе во пресрет на нашите пациенти и да им ги направиме подостапни услугите од општата стоматологија во 2006год. склучуваме договор со ФЗОМ.

Во текот на нашето 20 годишно постоење се трудиме да ја оствариме нашата визија,да бидеме синоним за Приватна здравствена установа, која секогаш поставува повисоки стандарди во областа на стоматологијата и функционира во дослух со времето.

Име Презиме: Др Виолета Фидановска
Е-пошта: VIKI@CCDENT.MK
Град: Скопје
Занимање: Стоматолог
Компанија: Пзу Царчев Чортаноски

http://ccdent.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll Up