АДВАЈЗОРИ ДОО Охрид е семејна фирма, основана 1989 година управувана од втората генерација членови од фамилијата Димоски. Нејзината основна дејност е трговија со алкохолни производи, произведени во ТСИЛИГАРИДИС и ДИМОСКИ ДЕСТИЛЕРИЈА фирма со мешовит капитал, управувана од членовите на истата фамилија.

Основната визија на оваа компанија е снабдување на македонскиот пазар со високо квалитетни алкохолни производи произведени по европски стандарди за квалитет. Нашата мисија е освојување на светскиот пазар за алкохолни производи.

Наши најпрепознатливи производи се:  УЗО ФИЛИПОС и САМОИЛОВА РАКИЈА. Покрај нив произведуваме и: ВОДКА РОМАНОФ, САМОИЛОВА МАСТИКА, ТЕКИЛА МЕНДОЗА, ЏИН ЛАРДСОН и ЛИКЕРИ со различни вкусови. На барање на клиентите произведуваме производи со ПРИВАТНА ЕТИКЕТА, како и посакуван состав и изглед на производот.

Покрај на македонскиот пазар присутни сме и на странскиот пазар, и тоа: Австралија, Кореја, Ирак, Израел, Србија, Црна Гора, и Грција и постојано работиме на изнаоѓање нови пазари.

Ги покануваме сите заинтересирани субјекти за соработка.

 

Име Презиме: билјана димоска
Е-пошта: btrpeska@hotmail.com
Град: охрид
Занимање: оперативен менаџер
Компанија: адвајзори Доо охрид

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll Up