За Нас

Kasia Events нуди професионалност во организирање на современи решенија за вашите корпоративни и приватни настани – коктели, промоции, свадби, конференции, родендени итн.

Со професионалност на Kasia Events заштедувате  на време поврзани со пребарување за подизведувачи, водење на преговори со нив и да ги координира нивната работа. Воедно добивате гарантирана заштеда на пари, креативност, достапност на консултанти, безбедност поради долгогодишно искуство, совети во донесувањето на одлуки, добра организација на целокупната работа потребна за организирање на настан.

Сопственик на Kasia Events е Катерина Котлареска Манеска, која е Директор на Актива Вел која ја основа во септември 2013 година, фирма која се занимава со организирање на бизнис настани, форуми, панел дискусии и истражување на пазарот (mystery shopping). Сопственик на брендот Kasia Events под чии пред се организират повеќе настани. Носител проект на брендот е Бизнис Кафе Македонија, кој се спроведува во сите поранешни југословенски републики (матична држава на проектот е Хрватска). Бизнис кафето претставува организирано дружење на менаџери, директори како и мали и средни фирми со цел размена на информации, споделување на искуства, мотивирање и охрабрување за започнување на сопствен бизнис. Првото работно искуство го има стекнато за време на студирањето во компанијата Интелсат, каде што работи во комерцијалниот сектор. По дипломирањето на Филолошкиот факултет веднаш започна да работи како конзуларен службеник во Полска Амбасада во Скопје. Потоа работи седум години како извршен директор во агенција за истражување на пазарот SWOT Research. Последното работно искуство го имаше во NEPTUN на позиција Директор за човечки ресурси. Во периодот 2014 – 2015 г. завршува МБА студии на Бизнис Академија Смилевски. Има присуствувно на бројни семинари и конференции во областа на маркетинг, продажба, лидерство и управување со човечките ресурси, како и јавни настапи на трибини, форуми и телевизиски екрани.

Области на активност на сопственикот на Kasia Events:

  • Бизнис кафе настани
  • Еден од организаторите на Конференција Љубов и Бизнис
  • Организирани повеќе форуми за тимска работа на фирмите
  • Консалтинг и веб дизајн во соработка со Pageland, која совршено се надополнува и остварува комплетно нов, свеж и модерен дизајн
  • Поврзување на луѓе и идеи за повеќе можности за бизнис
Scroll Up