Втора Конференција “Родителството во XXI век”

Секој дом е универзитет, и секој родител е професор.
– Махатма Ганди

На 31.03.2018 во Хотел Порта, Ве покануваме да бидете дел од втората Конференција “Родителството во ХХI век” со цел заеднички да го пронајдеме одговорот за прашањата со кои секојдневно се сретнуваме како (идни) родители.

Ве покануваме на втората конференција “Родителството во ХХI век” за заеднички да пронајдеме одговор за прашањата со кои секојдневно се сретнуваме како (идни) родители:

– Како денеска да ги воспитуваме децата?
– Како да им помогнеме на нивниот пат за растење?
– Што да прават?
– Како да живеаат/Каде да одат?

За да најдеме одговор на овие прашања прво ние треба искрено да одговориме на истите прашања:

– Што правиме?
– Како живееме?
– Каде одиме?

За почеток треба да се погледне каде сме денес и каков е светот во кој живееме? Брзиот развој на техологијата, некако реципрочно доведе до уништување на природата, која е извор на здрава и квалитетна храна, вода и воздух. Како ја расипа хармонијата во природата, повторно, како тоа резултира со реципрочно нарушена хармонија во самиот човек, а со тоа и во општеството, односно во меѓучовечките односи.

Основното прашање кое произлегува од се, а дефинитивно го поставуваме е пред нашите деца е:

– Дали можеме да ствараме, а да не уништуваме истовремено?
– Дали може денешната наука да одговори на прашањата со кои се занимава, а тоа да не уклучува експерименти во кои се уништуваат билките, животните, љуѓето и природата?
– Дали може човекот познавајќи се себеси, полесно да го запознае светот кој го опкружува, чекорејќи заедно со децата на тој патот кон остварањето, каде ќе имаме обзир спрема се што не опкружува, разбирајќи дека сите сме нераскинливо поврзани?

Темите на кои ќе говорат презентерите на втората конференција “Родителството во XXI век”, кои се професионалци од областа на психологијата, педагогијата, дефектологијата, здравата исхрана, се следните:

– Како да се подготвите за новиот член во семејството,
– Tрауми кај децата,
– „Сафари на духот – приказни за будење на мудроста“,
– Како со тинејџерите?
– Како да ги заштитиме децата за време на развод на родителите?
– Здрави навики за исхраната на децата
– Важноста за мајчиниот јазик кај децата

09:00 – 09:30 – Регистрација

09:30 – 09:45 – Отварање на конференцијата

09:45 – 11:25 – Прва сесија

Презентери:

  1. Марина поп Лазарова – Специјалист педијатар – неонатолот Тема: Како да се подготвите за новиот член во семејството
  2. Гостин Спикер!
  3. Тина Дамеска Доковска – психолог Тема : „Среќно семејство, среќно дете”

ПРАШАЊА ОД ПУБЛИКА

11:25 – 11:40 – кафе пауза

11:40 – 13:10 – Втора сесија

Презентери:

  1. Нада Бучевиќ – проф. по кинезиологија, едукативен советник – skype Тема: „Сафари на духот – приказни за будење на мудроста“
  2. Катина Павловска – психолог : Како со тинејџерите?
  3. Прим. д-р Мери Бошковска – Детски психијатар Тема: Како да ги заштитиме децата за време на развод на родителите

ПРАШАЊА ОД ПУБЛИКА

13:10 – 13:40 – РУЧЕК

13:40 – 15:30 – Трета сесија

Презентери:

  1. Јосиф Дамјанов – Консултатнт за исхрана Тема: Како родителот ги поставува стандардите и креира пат за идните навики во исхрана и животен стил?
  2. Веселинка Ковачева, заменик-административен директор на училиштето ЕФИС Тема: Важноста за мајчиниот јазик кај децата
  3. Ранко Рајовиќ – лекар специјалист по интерна медицина, автор на програмата НТЦ систем на учење, Тема: Развој на мозокот и грешките на родителите

ПРАШАЊА ОД ПУБЛИКА

*Го задржуваме правото за промена на програмата.

Прим. д-р Мери Бошковска – Детски психијатар

Тема на конференцијата: Како да ги заштитиме децата за време на развод на родителите

Прим. д-р Мери Бошковска е  детски психијатар која долги  години наназад е активна како ментално здраствен работник во раното препознавање и третман на психичките проблеми кај децата и младите, а како експерт од оваа област била ангажирана од многу владини и невладини организации, училишта и градинки како предавач на разни целни групи со теми од областа на менталното здравје на децата и младите, односно како подобро да се разберат децата со развојни проблеми,посебни потреби, злоупотребените деца.Во последните години активно работи во раното препознавање и дијагностика на децата со аутистичен спектар на нарушување. Целиот  работен век како психијатар за деца и млади активно е  посветена да помага на децата и нивните семејства Активна е во заложбите за градење на инклузивно општество, односнно вклучување на децата со посебни потреби во градинките, редовните училишта и пошироко во општеството. Меѓу другото, има учествувано во многу наши и меѓународни проекти и конгреси со трудови од областа која ја работи, а член е на националното координативно тело кое се бори за превенција на злоупотреба и занемарување на децата ….

Последните неколку години е вработена во  Приватна општа болница  „Ре-Медика“во Скопје каде и натаму извршува  професионални задачи  од областа детската психијатрија.

Нада Бучевиќ – Проф. по кинезиологија, едукативен советник

Тема на конференцијата: „Сафари на духот – приказни за будење на мудроста“ : Важноста на Емотивната Интелигенција

Ко-автор на програмата „Сафари на духот“  и лидер на работилници чија што цел е  развој на емоционална интелигенција на децата и насоки за мудро одгледување од страна на родителите.

Авторот на книгите: Дневна доза на НАДАхнуча, Сафари на духот за будење на мудроста, Дневна доза НАДАхнуча 2 и Свесно мајчинство.

Ранко Рајовиќ – Специјалист по интерна медицина, автор на програмата НТЦ систем на учење

Тема на конференцијата: Развој на мозокот и грешките на родителите

Ранко Рајовиќ специјалист по интерна медицина, магистер по неурофизиологија, доктор на спортски науки. Автор е на НТЦ програмата за учење, која се спроведува во 17 држави во Европа, а во 7 е акредитирана од страна на Министерството за образование. Основач е на Менса во 5 држави, Претседател на Менса во Србија 5 г. Од 1997 до 2002 г. , а од 2004 г. Извршен директор. Соработник е со UNICEF. Добирник е на меѓународно признание од Менса (MERF – Mensa education and research foundation) за интелектуален допринос на државата во 2015 г. Работи на Педагошкиот факултет во Копар, Словенија. Гостин – професор е на неколку Универзитети. Автор е на книгата IQ на детето грижа на родителот.  Развојна интелегенција низ игра, Учењето е игра кои се објавени во Србија, Хрватска, Словенија, Чешка, Италија и Словачка.  .

За НТЦ програмата:

НТЦ програмите претставуваат современите научни откритија во областа на невронски мрежи и педагогија со цел развој на креативноста и функционални знаења на децата. Играњето како вродена потреба за бебе е клучен фактор на програмата. Програмата НТЦ се карактеризира со три фази на имплементација. Важни елементи на првата фаза на еволутивната поддршка на активности кои вклучуваат комплексни моторни активности, како што се на фината моторика, динамична сместување на окото, ротација баланс на движењето. Втората фаза на НТЦ програмата се карактеризира со класификација на мислата, серија мисли и асоцијации. Третата фаза претставува работа за развој на дивергентно и конвергентно размислување, како и функционално знаење. Овие три фази на НТЦ програмите вклучуваат сензомоторен и когнитивен развој на детето. Програмата НТЦ се спроведува во 17 земји во Европа. Акредитиран со обука на Министерство за образование во 7 земји (Србија, Словенија, Хрватска, Чешка, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина), а се применува во уште 10 земји во соработка со образовните институции (Италија, Грција, Шведска, Исланд, Унгарија, Ruumnija, Бугарија, Швајцарија, Словачка и Полска).

Др. Марина  Поп-Лазарова   – Доктор по општа медицина, специјалист педијатар-неонатолог

Тема на конференцијата: Како да се подготвите за новиот член во семејството

Студиски престои

  • Клинички  Центар  Љубљана (1994 и 1996год).
  • “Royal  Prince  Alfred  Hospital”-Sydney  University ( 2000 год.)
  • „Mangiagali Ospitale“ -Milano (2005год)

Работно искуство

  • Клиника  за  гинекологија и  акушерство-Клинички  Центар Скопје (1985 г-2005г)
  • ПЗУ „Ре-Медика“ Скопје(од 2005г.)

Професионално искуство(дополнителна едукација):

  • Неонатологија  (NICU)
  • EHO CNS
  • Breasfeeding-UNICEF
  • Childrens Rights-UNICEF

Членство во професионални асоциации:

  • Македонско лекарско друштво
  • Македонска Лекарска Комора
  • Здружение  на  Неонатолози  на  МКД
  • Здружение  на  педијатри на  МКД

Клинички интерес:

  • Неонатологија  (NICU)

Јосиф Дамјанов – Консултатнт за исхрана

Тема на конференцијата:  Како родителот ги поставува стандардите и креира пат за идните навики во исхрана и животен стил?

Пред 7 години како апсолвент на Информатика решив дека ќе го променам начинот на живот за да после 6 месеци дојдам до 25кг помалку и конечно со емергија да го завршам денот. Сето тоа чувство и возбуда сакав да го пренесам на што повеќе луѓе околу мене и да научам што повеќе за исхрана и пречките и предизвиците со кои луѓето се соочуваат на оваа тема. Уживам да ги гледам луѓето како се радуваат за своите резултати и како минуваат низ процесот на менување на навиките и начинот на размислување. Денес сум повозбуден од било кога за влијанието и промената која ќе ја направиме околу нас.

Тина Дамеска Доковска – Психолог

Тема на конференцијата: „Среќно семејство, среќно дете”

Тина Доковска е родена 1983 година во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет, отсек психологија во 2009 година. Од 2009 до 2010 година го поминува своето стажирање во Центарот за ментално здравје – Пролет.  

Од 2008 до 2016 посетува едукација во Институт за системска и семeјна психотерапија „Алтернатива“, каде што се стекнува со диплома за системски и семеен психотерапевт. Од 2016 до денес е на обука за тренери во Институтот за брак и семејство и системска пракса „Алтернатива“.

Од 2012 до 2014 година посетува едукација во Гешталт Институтот во Скопје, со што се стекнува со диплома за Базичен гешталт. Предавала на теми поврзани со менаџирање на стресот, пост-породилни психолошки состојби, партнерски односи и градење на семејство, и други.

Напишала и објавила повеќе текстови од областа на психологијата во неколку неделници и на неколку интернет страници. Членува во Македонска комора на психолози, член е на Етичкиот одбор при Комората на психолози, член е на Македонска психотерапевтска асоцијација и член е на Европската Асоцијација за Семејна Терапија (EFTA). Од 2010 до денес е вработена како психолог и психотерапевт во Промедика Медикал Центар во Скопје.

Катина Павлоска – Специјалист по медицинска психологија

Тема на конференцијата: Како со тинејџерите?

Вработена во Заводот  за ментално здравје за деца и младинци – Скопје,  одделение за  адолесценција.

Делокруг  на работа: психодијагностика и терапија на состојби поврзани со менталното  здравје на адолесценти, со системски пристап.

Веселинка Ковачева – Заменик Административен Директор на Француското Интернационално Училиште

Тема на конференцијата: Важноста на мајчиниот јазик

Веселинка Ковачева  е една од основоположниците на францускиот образовен систем во Македонија.

Од 2000 година работи како професор во Француската градинка која е сега дел од Француското Интернационално Училиште. Од 2008 година е дел од менаџерскиот тим на истата. Во 2011 година учествува во креирањето на ЕФИС.

Активно учествува во наставата и работата со децата. Нејзина специјалност е детската литература. Работи со деца на возраст од 6 и 7 години.

Цена на карти:

Рана уплата до 15.03.2018:

  •  1 карта – 1.300 ден.

Редовна уплата од 16.03.2018:

  •  1 карта – 1.600 ден.

Картите се купуваат преку уплата на долунаведената трансакциска сметка и уплатницата е потврда за учество на конференцијата. Уплатата истотака може да се изврши и преку фактура.

Назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје
Банка на примач: НЛБ Банка
Трансакциска сметка: 210-067036660110
Цел на дознака: Конференција


Ве молиме после уплатата регистрирајте се.

Француско Интернационално училиште EFIS (Спонзор)

Француското Интернационално училиште е раководено од Здружението АПЕФ- СКОПЈЕ, Претседател на Управниот Одбор и сопственик на училиштето е Господинот  Жан Франсоа Ле Рок, бизнисмен кој веќе 17 години своите бизниси ги шири на Балканот.  Француската градинка е формирана  во 1999 година, а училиштето во 2012 година.

Pageland (Соработници)

Pageland е агенција за дизајн и маркетинг, предводена од двајца основачи. Навлегувајќи во креативниот свет, Pageland почна да го користи и маркетингот, како алатка која е неопходна за унапредување на креативните решенија користени во бизнис идеите. Pageland нуди целокупно решение за уникатен дизајн и успешна маркетинг кампања со кои Вашиот идентитет ќе биде поставен до Вашата посакувана таргет група. Нудиме гарантирана препознатливост на пазарот, оригиналност во брендингот, спојување на креативен дизајн и успешен дигитален маркетинг кои ќе Ве постават до очите на илјадници интернет корисници, внимателно таргетирани, со  цел  да излезат во пресрет на тоа што Вие го нудите.

Бизнис академијата Смилевски – БАС е Висока школа за професионални менаџери која го премостува јазот меѓу теоријата и реалниот деловен свет.

Академијата нуди акредитирани професионални студии по Оперативен и Маркетинг менаџмент на прв циклус и по Стратегиски менаџмент на втор циклус.
БАС користи сопствена методологија на настава која овозможува голема интеракција меѓу студентите и можности за активно експериментирање за забрзано стекнување компетенции за раководни позиции.

Континуираната пракса од еден ден неделно, обезбедена за редовните студенти во текот на целите студии отвора реални можности за активно усовршување при студирањето, но и ги зголемува шансите за прво вработување уште во текот на студиите.

 

Ithink Академија – прва Академија за Технологија за деца (Пријател на настанот)

Зошто e Ithink Академијата различна:
• Создава КРЕАТОРИ, не само обични корисници!
• Поттикнува на РАЗМИСЛУВАЊЕ и РЕШАВАЊЕ ПРЕДИЗВИЦИ
• Дозволува да УЧАТ низ ИСТРАЖУВАЊЕ
• Им покажува како да КРЕИРААТ
• Им покажува како ПРАКТИЧНО да ја користат технологијата во секојдневниот живот

Специфични цели на IThink Академијата
• Поттикнува АНАЛИТИЧКО размислување
• Стимулира РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ и ПРЕДИЗВИЦИ
• Покажува дека учењето со технологија е ЗАБАВНО
• Ги воведува децата во информациската технологија како НАЧИН НА ЖИВОТ
• Развива идеи низ ИГРИ и ЗАБАВА
• Ги подготвува децата дека технологјата ќе биде дел од нивната ИДНИНА без разлика на нивната професија
• Креира атмосфера на ИНТЕРАКТИВНО И САМО-МОТИВИРАЧКО учење
• Развива интерес за КОНТИНУИТЕТ на учењето за технологијата и дома
• Ги поттикнува да изберат МЕТОД за решавање конкретен ПРОБЛЕМ
• Поттикнува ТИМСКА РАБОТА и ја зголемува САМОДОВЕРБАТА

Програма
Модул 1 Започни со ИТ (Базични ИТ поими)
Модул 2 Мистериите на Интернетот (Интернет технологии)
Модул 3 Ајде да дизајнираме (2Д дизајн)
Модул 4 Забавно кодирање
Модул 5 Сакам роботи

 

Ars Lamina (Пријател на настанот)

 

Literatura.mk (Пријател на настанот)

 

Антолог (Пријател на настанот)

 

Роса (Пријател на настанот)

 

Fakulteti.mk (Медиумски партнер)

Факултети е веб страна посветена на високо образовните установи во Р.Македонија. Целта ни е да им помогнеме на идните студенти во нивниот избор на студии, и да ги насочиме сегашните студенти кон нови знаења, стипендии и работни места.

Scroll Up