Конференција „200 Жени Претприемачки“

На 05.12.2018 во ALLIKAS, Ве покануваме да бидете дел од Конференција „200 Жени Претприемачки“

По втор пат Македонија се случува настанот „Конференција за 200 Жени Претприемачки„ кој оваа година ќе порасне од 100 на 200 претприемачки.

Резултатите од спроведената анкета од минатогодишната конференција “100 Жени Претприемачки”  го покажаа следново:
– 75,70% од гостите после конференцијата меѓусебно оствариле прв контакт
– 73,00% од анкетираните имале деловна интеракција (маил, телефон, состанок)
– 54,10% оствариле меѓусебна соработка

„Business ladies – Забава, инспирација, мотивација, вмрежување“

Забава, инспирација, мотивација, вмрежување – овие четири лозинки накратко ја  опишуваат конференцијата „200 Жени Претприемачки“ што е невообичаен мотивациски настан за жени, кој ќе се одржи 5 декември во Скопје. Овој енергетски ден ќе биде исполнет со знаење, инспирација, добри енергетски и деловни контакти.

Kasia Еvents – кој е одговорен за организирање на конференции, планирано е на овој ден да се соберат 200 жени кои имаат желба за живот, кои сакаат да воспостават деловни контакти, да ја разбудат во себе силата и да дејствуваат и да се охрабрат за промени, за коишто секогаш сонувале.

На конференцијата ќе присуствуваат жени кои што се сопственички на свој бизнис, жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор, како и жени кои се менаџери, лидери во својата професија.

На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претпиемаштвото. Презентерите до сите учесници ќе дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.

За време на конференцијата:

  • Ќе добиете нови контакти (200 жени на едно место)
  • Ќе ги слушнете вистинските приказни на жените кои, иако го знаат вкусот на неуспехот, ја искористиле својата внатрешна сила за да успеат – ќе покажат како го сториле тоа.
  • Тие ќе докажат начини како да направите разлика во бизнисот, односите и приватниот живот
  • Тие ќе ве инспирираат да работите и да наполните енергија за да направите разлика
  • На конференцијата ќе слушнете како до поголем успех во бизнисот, финансиите, маркетингот и животот.
  • Значајни предавања и од експерти за женско претприемништво

Ние жените знаеме што ни е потребно, што нè интересира и каде сме најсилни, но многу е поубаво чувството кога сето тоа ќе го доживееме заедно!

Ова ќе биде посебен ден што секоја жена го заслужува. Без оглед на возраста и видот на професијата, секоја заслужува да доживее големи емоции, да научи нови работи, да запознае нови луѓе и да ужива во секој момент.

За време на конференцијата ќе можете преку директни продажни состаноци, своите услуги или производи да им ги понудите на голем број претпријатија на сесијата наречена speed dating.

Жените владеат со светот!

08:00 – 09:00 / Регистрација и кафе за добредојдовте!

09:00 – 09:15 / Отварање на настанот

09:15 – 09:40 / Мерсиха Смаиловиќ

09:40– 09:50 / СпонзорПивара

09:50 – 10:25 / Рената Наумовска

10:30 – 10:45/ Гостин Борка

10:45– 11:00 / Кафе пауза

11:15 – 11:40 / Thomas Björge

11:45 – 11:55 / СпонзорФиткит

12:00 – 12:55 / Марија Радојчиќ

13:00 – 13:10 / Гостин Борка

13:10 – 13:30 / Speed Daiting (вмрежување)

13.30 – 14:00 / Пауза за ручек

14:00 – 14.25 / Коста Петров

14:30 – 15:25 / Даница Личанин Блажеска

15:30 – 15:55 / Лидија Марковиќ

16:00 / Доделување на награди, крај на настанот

Со продадени над 35,000 примероци од неговите книги, Коста Петров е еден од најпродаваните македонски автори на денешницата.

Тој е основач и извршен директор на Пи Ворлд– интернационална креативна агенција која ги организира некои од најголемите глобални бизнис настани во 30 различни земји во светот, вклучувајќи ги Америка, Канада, Норвешка, Исланд, Турција, Азербејџан, Грузија, Катар, Бахреин и Иран. За својот придонес кон индустријата за настани и односи со јавност, тој во 2014 и 2015 година беше избран за еден од 30те најмоќни луѓе во оваа индустрија во Европа.

Коста е и блогер за претижниот Huffington Post во Америка како и Digital Boom во Северна Африка.

Мерсиха Смаиловиќ е родена во Скопје, правничка по професија и магистрант по меѓународно право.

Повеќе од 11 години е ко-сопственичка на финансиско правен консалтинг, но, повеќе се идентификува како граѓанска активистка, борка за човекови права, хуманистка, глас на бесгласните – невидливите, во нашето општество.

 

 

Лидија Марковиќ Росати, која доаѓа од Србија, е претприемачка и стратегист за перформанси, која патува ширум светот во улога на ментор/тренер на млади жени претприемачки и корпоративни тимови, со цел да им помогне нивните идеи да се издигнат на повисоко ниво и да станат успешни профитабилни бизниси.

Лидија е најпродаван автор на книгата Gaining While Losing – The Gentle Art of Transformation, каде што објаснува како изгубила неверојатни 44 килограми и успеала да достигне значителен раст во нејзиниот бизнис.

 

Thomas Björge, роден во Стокхолм, е ко-основач на Momentum Method-от, комбинација на алатки дизајнирани за 21от век и понатаму, кои служат како основа за истакнување на перформансите и успехот.

Тој е НЛП Тренер, Мастер коуч и говорник на многу конференции кои промовираат иновација и најнови технологии.

Неговата работа е објавена во публикации за лидерски НЛП тренинзи и личен развој:

thomas@momentum-strategies.com

www.momentum-strategies.com

Рената Наумовска е специјалист за комуникации во македонската компанија за анимација и продукција на визуелни ефектиФХ3Х, каде веќе 20 години работи на креирање на свесност за компанијата, одржување на корпоративниот имиџ, потврда на компанијата како регионален лидер во продукцијата на визуелни ефекти и постпродукција, регрутирање на нови вработени преку ПР кампањи (омилен личен успех: регрутирани 60 нови вработени за 60 дена). Омилени кампањи:“The Hollywood effect”, “Eye on Macedonia”, Entrepreneurial Icebreakers икампањата која и претходи на церемонијата на доделувањето на Оскари,  од која 2016 траеше од декември 2015 до март 2016 со рекорден број на објави (линкови во прилог).

Искуството во сегментот на односи со јавност го добива работејќи и едуцирајќи се паралелно со работата во ФХ3Х, најнапред во маркетинг агенцијата „Индиго“, со шестмесечна интензивна in-houseобука, и соодветни тренинзи во мрежата на Ogilvy & Mather.

Своето работно искуство го продолжува во тимот на агенцијата Publicis,како проектен менаџер на проектите: Sprite Street basket (2002), Coca Cola Light Fashion Show (2002), Miss Schweppes (2002), Швајцарска калдрма (2002). 

Марија Радојчиќ – економист по професија, претприемачка, хедонист, сопственичка на брендот „Friški jazački sirevi“

Марија има богато работно искуство, кое што започнува во неколку институции во јавна администрација, па продолжува во основање на своја фирма “Best Brand Friendly”, која се занимава со брендирање на мали фирми и нивно позиционирање на пазарот. Активно го развива семејниот бизнис за производство на сирење „Friški jazački sirevi“. Беше дел од проектот Бизнис кафе во Војводина, а во извесен период и за Србија. Марија во 2017 година го организира првиот Пазар за Претприемачи, од кој произлегоа многу вмрежување на претприемачите.

„Кога го сакаш тоа што го работиш патиштата до успехот сами се отвараат.“

 

Даница Личанин Блажеска, Сопственик и Генерален менаџер на Рептил.

Г-ѓа Даница е жена лидер во повеќе сфери. Мајка, сопруга и успешен менаџер-лидер. Нејзиниот успех се должи на посветеноста, континуираната едукација, вклученоста, достапноста и довербата во тимот со кои работи. Со своето работно искуство од 1996 година во Рептил маркети редовно прифаќа предизвици и успешно имплементира највисоки бизнис стандарди, иновации, нови продукти и функционалности. Нејзините одлуки во сферата на маркетингот, иновацијата и креативноста секогаш носат резултати за што говори бизнис приказната од фамилијарна фирма со еден маркет, Рептил прераснува во ланец со 14 маркети и над 300 вработени. Следејќи ги трендовите во малопродажбата, унапредувањето на услугата и лојалноста кон купувачите во 2016 година ја основа он-лајн продавницата www.marketonline.mk која успешно и секојдневно дистрибуира производи по цени исти како во маркетите.

Позади нејзиниот успех стојат наградите за најдобра жена менаџер 2004г ,втора награда за ЦЕЕД глобален претприемачза 2014г во Казбланка , Мароко ,  како и редовните награди за најдобар маркет доделени од град Скопје.

Специјален гостин

                                                                              

Катерина Ангеловска, Амбасадор на позитивната мисла, тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор.

Програмата за личен развој по која ја препознаваме Катерина Ангеловска е базирана според принципите за успех по методот на Jack Canfield. Оваа програма е фокусирана на професионален и одржлив развој. Во соработка со секој учесник, Катерина помага во процесот учесниците на нејзините работилници да ја пронајдат личната креативност, да ги препознаат и остварат сопствените цели, мисија и визија, да ги подобрат сопствените потенцијали и ефикасноста на личните перформанси.

Таа води разновидни обуки и работилници за личен развој и целосно е посветена на мотивирање, инспирирање и тренинг на денешните генерации, со цел да ја пронајдат големината и моќта во себе, и да станат творци на својот живот.

Специјален гостин

                                                                              

Оваа година специјален гостин на Конференција „200 Жени Претприемачки“ ќе биде и Снежана Савиќ Димовска, менаџер за правни работи во Пивара Скопје.

Модератор на настанот

                                                                              

Огнен Јанески, новинар и уредник во 24 Вести.

Цена на карти:

Рана уплата до 20.11.2018:

  •  1 карта – 2.400 ден

Редовна уплата од 21.11.2018:

  •  1 карта – 2.900 ден

*За првите 20 купени карти следува подарок книга “Никој не рече дека ќе биде лесно” од Коста Петров  и влезница за Бизнис кафе Македонија​


Картите се купуваат преку уплата на долунаведената трансакциска сметка и уплатницата е потврда за учество на конференцијата. Уплатата истотака може да се изврши и преку фактура.

Назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје
Банка на примач: НЛБ Банка
Трансакциска сметка: 210-067036660110
Цел на дознака: Конференција


Ве молиме после уплатата регистрирајте се.

Ве молиме формата за апликација пополнете ја на кирилица.

I дел - Информации за регистрација

II дел - Претставете ја вашата компанија

Доверливоста е најаката алатка во работењето на секој претприемач!
Затоа, на секој учесник на Конференцијата „200 Жени Претприемачки“ им се нуди можност да се претстават себеси и нивната компанија на нашата веб-страницата www.kasiaevents.mk во (Учесници). Со тоа ќе добиете информирани за сите учесници во случајот 200 жени претприемачки, како и кај пошироката популација што следи.
Станете уште видливи и забележливи!

A за тоа е потребно да прикачите:
• Word документ - максимум пола страница (Arial фонт 12) Ве молиме описот на Вашата компанија да биде на кирилица!
• 2 слики/.JPG (ние предлагаме една од вашите лични слики и една слика од вашиот производ или логото со тоа што да се до 300KB!

СПОНЗОРИ

Ние сме лидер на пазарот за производство на безалкохолни пијалаци и пиво кој бележи постојан раст и одржлив развој.

Ние постоиме за да ги задоволуваме потребите на нашите купувачи и потрошувачи. Како Пиварци, нашето дејствување и однесување се засноваат врз строги принципи. Постојано ја градиме нашата продажна организација, која пак придонесува за растот на компанијата, пазарот и секако, заедницата. Имаме јасна визија и цели на чие што постигнување сме посветени за доброто на сите.

www.polnacasa.mk

Бизнис академијата Смилевски – БАС е Висока школа за професионални менаџери која го премостува јазот меѓу теоријата и реалниот деловен свет.

Академијата нуди акредитирани професионални студии по Оперативен и Маркетинг менаџмент на прв циклус и по Стратегиски менаџмент на втор циклус.
БАС користи сопствена методологија на настава која овозможува голема интеракција меѓу студентите и можности за активно експериментирање за забрзано стекнување компетенции за раководни позиции.

Континуираната пракса од еден ден неделно, обезбедена за редовните студенти во текот на целите студии отвора реални можности за активно усовршување при студирањето, но и ги зголемува шансите за прво вработување уште во текот на студиите.

Пазарот за животно осигурување во Р. Македонија официјално започна да се развива во 2005 година со основање на првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Од самото основање компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна позиција. Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање на штети, Кроациа Осигурување – Живот се издвои како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет.

FitKit е мобилна апликација што ти овозможува да вежбаш сè, каде и кога ќе посакаш, во најдобрите фитнес и спортски центри во Скопје. Со плаќањето на 1 месечна членарина или годишната претплата можеш да избереш студио, општина или град каде што сакаш, без да бидеш врзан за истата локација и/или точно определен термин. Може да избереш од широкиот избор на категории и дисциплини: Фитнес, Јога, Зумба, Пилатес, Кросфит, Боречки вештини, Пливање, Спа, ЕМС, и многу многу други на повеќе од 60 локации во Скопје, а наскоро и низ цела Македонија. Сега, немаш изговори да пропуштиш вежбање – дека немаш време или дека лесно ти здосадуваат истите вежби. Со FitKit може да ја искусиш економичната, удобната, флексибилната и забавната страна на вежбањето.

Со повеќе од 79,000 вработени на 1300 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги.

ПОДДРЖУВАЧИ

Пламенка Трајковска е професионален академски музичар виолинист со догогодишно искуство во реализирање на музички програми наменети за концерти, евенти, семејни свадби и прослави, промоции, официјални вечери и коктели.

Pageland е агенција за дизајн и маркетинг, предводена од двајца основачи. Креативноста и оригиналноста се главни атрибути кои тимот на Pageland ги надоградува постојано.

Целосни брендинг решенија, PR, изработка на веб страни, менаџирање на социјални медиуми, креирање и водење на маркетинг кампањи кои се круцијални за истакнување на бизнисот на една компанија, се дел од секојдневните предизвици на тимот на Pageland.

ПРИЈАТЕЛ НА НАСТАНОТ

Производител на првокласна модна облека со префинет дизајн и класичен крој која го одразува стилот на модерната и деловна жена.

Повеќе од 20 години неуморно ја усовршуваме нашата уметност. Bella, од омилена скопска кројачница, израсна во истакнат бренд на женска гардероба кој ги остварува модните фантазии на современата жена.

Park Hotel&Spa со само две кратки години постоење станува лидер во угостителството. Денес сме прв избор за хотелско сместување, бизнис настани, место каде поминувате квалитетно време со Вашите најблиски.

Тимот на Park Hotel&Spa со својот срдечен и искрен пристап Ви нуди услуга прилагодена на Вашите потреби, за што голема потврда се бројните признанија и награди.

Константно сме во тек со светските трендови надоградувајќи се преку нови искуства и активности кои не држат стабилно на врвот.

Авто Чајка“ – продажба на нови возила од програмите Пежо, Хјундаи, Тојота, Форд , Хонда и Сузуки, со можност за купување по системот старо за ново.Mулти бренд за сервисирање на возилата.  „Авто Чајка“ имаат свои продажно-сервисни центри во Скопје , Тетово и Штип.

www.avtocajka.com.mk

МЕДИУМСКИ ПАРТНЕРИ

Прв македонски портал за маркетинг, медиа и ПР индустријата !

 

Fakulteti.mk (Медиумски партнер)

Факултети е веб страна посветена на високо образовните установи во Р.Македонија. Целта ни е да им помогнеме на идните студенти во нивниот избор на студии, и да ги насочиме сегашните студенти кон нови знаења, стипендии и работни места.

Женски магазин е ќоше за сите кои се чувствуваат убави и умни.

Scroll Up